Над 1 милијарда долари украдени во крипто измами од јануари 2021 до март 2022

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Само во периодот од јануари 2021, до март оваа година, крипто измамите ги чинеле жртвите во САД над 1 милијарда долари. На овие измами отпаднале речиси 25 проценти од сите пријавени измами минатата година; Тоа е повеќе од сите останати начини на плаќање. Жртвите на измамниците најчесто им плаќале во биткоин (70% од случаите), тетер (10% од случаите) и етер(9% од случаите).

„Крипто има неколку карактеристики кои се привлечни за измамниците, што може да објасни зошто пријавените загуби во 2021 година се речиси шеесет пати повисоки од оние во 2018 година. Нема банка или друг централизиран орган да ги прегледа сомнителни трансакции и да се обиде да ја спречи измамата пред да се случи. Крипто-трансферите не можат да се вратат назад – штом парите исчезнат, нема да се вратат. Повеќето луѓе сè уште не се запознаени со тоа како функционира крипто. Ова не се однесува исклучиво на крипто трансакциите, но им помагаат на измамниците“, пишува Ема Флечер на блогот на Федералната комисија за трговија.

Измамите се почесто наоѓаат нови форми покрај стандардните (Initial Coin Offerings) или лажно претставување. Може да бидат лажни крипто-новчаници, фишинг страници, па дури и лажни берзи на крипто валути. За неискусните корисници проблемот е што овие измами често се маскирани како автентичен сервис или производ.

Речиси половина од измамите започнуваат со оглас, објава или порака на друштвените мрежи. Омилени платформи на измамниците на кои започнуваат измамите се Instagram (32%), Facebook (26%), WhatsApp (9%), и Telegram (7%).

Во периодот од јануари 2021 година до март оваа година, над 46 000 луѓе пријавиле дека се жртви на измама поврзана со крипто валути. Медијаната на загубените средства е на 2600 долари. (Медијана е вредност која се наоѓа во средината на серијата чии членови се подредени по големина.)

https://www.ftc.gov/news-events/data-visualizations/data-spotlight/2022/06/reports-show-scammers-cashing-crypto-craze

Најголем дел од средствата кои се украдени отпаѓаат на инвестициски измами. Со 575 милиони долари лажните инвестиции се на прво место и далеку пред сите останати измами. Измамниците со ветувања за брза заработка со релативно ниски почетни инвестиции ги убедуваат жртвите да инвестираат. Сепак наместо во некаков инвестициски фонд, средствата одат во новчаникот на измамникот.

На второ место се измамите во кои на друштвените мрежи или на апликациите за состаноци, измамникот се претставува дека е заинтересиран за романтична врска. Набрзо по ова започнува да ги убедува жртвите да започнат инвестиции во крипто и се нуди како советник. Само во една измама во 2021 имало 5000 жртви кои изгубиле над 66 милиони долари, пишува Washington Post. Од јануари 2021 до март 2022 во „романтичните крипто измами“ се украдени барем 185 милиони долари.

Податоците во извештајот на Федералната комисија за трговија се базираат на официјални жалби кои доаѓаат до комисијата. Во општ случај со сите измами Федералната комисија за трговија проценува дека едвај 5% од жртвите на измама ги пријавуваат измамите до државни агенции.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Математичарот
Математичарот
2 years ago

Она кога 25% е повеќе од 75%.

Математичарот
Математичарот
2 years ago

Банков трансфер, картичка, кеш. Тие три делат 75%. Со многу мала веројатност за нерешено. Да поедноставиме/скратиме: Крипто-измами: 25%. Фиат-измами: 75%.Којзнае колку неинтересен би бил насловот: „Над една милијарда украдени во крипто-измами, а над три милијарди во измами со обични валути“. Бирајте ги информациите за пренесување/преведување според содржината, а не според насловот. Заглупи интернетов од бомбастични наслови.

Nikola100
Nikola100
2 years ago

No comment 🙄

види ги сите огласи на kariera.it.mk