Дали често наидувате на текстови кои би сакале да ви бидат преточени во аудио форма? Ова знае да има огромни предности. Од една страна, особено помага за лица со нарушен вид. Од друга, може да е корисна алатка за јутубери мои сакаат да вметнат професионални изговори во видеата.
На пазарот можат да се најдат бројни вакви AI читачи. Во оваа прилика, ви претставуваме еден кој се интегрира со вашиот прелистувач!

Readme TTS е всушност екстензија за Chrome. Откако ќе ја интегрирате со прелистувачот, можете да вметнете текст во понуденото поле или да поставите цел документ. Потоа избирате јазик на кој сакате да ви биде прочитан истиот. На располагање имате запрепастувачки голем број јазици, така да слободно можете да експрериментирате се додека не го пронајдете идеалниот!

Вештачката интелигенција не е добра само за читање текстови. Напротив, неодамна пишувавме за десет импресивни начини за кои може дополнително да ви послужи:
- 5 AI алатки за пишување, кодирање, како и создавање и уредување видеа и музика
- 5 AI алатки за создавање TikTok видеа, презентации, преформулирање реченици и многу повеќе!







