ChatGPT пали и жари на бројни фронтови, олеснувајќи ја работата на едни луѓе, но и загрозувајќи ги професиите на бројни други. Како и да е, нема никакво сомневање во моќните способности на AI-то, иако е сеуште во релативно рани почетоци на развој. Во оваа прилика разгледуваме пет моќни алатки кои ќе ви помогнат за различни ситуации.
Writesonic – Пишува содржина за блогови, реклами, мејлови, веб сајтови! Од самиот сајт имате интеграција на дополнителни алатки за уште подобро средување на содржините и нивна автоматска објава на платформи како WordPress, Wix, Shopify.
Midjourney – Создава слики од текст преку користење Dalle-2 AI алгоритми! Едноставно напишете каква слика сакате и бројни готови решенија ќе ви бидат сервирани да си одберете!
Replit – Пишувајте код со ghostwriter, AI напојуван програмер кој соработува во реално време и директно од прелистувачот помага за уредување, тестови и ред други асистирања!
Synthesia – создавајте професионални видеа и изберете презентација од 140 аватари и зборување на 120 јазици. На овој начин, избегнувате плаќање презентери и употреба на скапа опрема како за снимање, така и за уредување на материјалите.
Soundraw – Дозволете вештачката интелигенција да создаде за вас музика без авторски права. Наместо вие да барате каква песна сакате, Soundraw ќе ја создаде онака како што сте ја замислиле така што првин ќе одберете расположение, жанр и колку да трае. Истата потоа можете да ја дополнително уредувате.
Која е вашата омилена AI алатка? Која алатка ја пропуштивме во оваа прилика, а не би требало во наредната? Кажете ни во коментарите!