5 AI алатки за создавање TikTok видеа, презентации, преформулирање реченици и многу повеќе!

2 коментари 2 мин. читање

ChatGPT пали и жари на бројни фронтови, олеснувајќи ја работата на едни луѓе, но и загрозувајќи ги професиите на бројни други. Неодамна разгледавме 5 AI алатки за пишување, кодирање, како и создавање и уредување видеа и музика. Во оваа прилика разгледуваме уште 5 други!

Fliki – создавајте кратки видеа, читани од AI гласови, на различни јазици (па дури и дијалекти) и на различни начини. Алатката особено се препорачува за создавање и сервирање видеа на TikTok платформата. Повеќе за алатката и природата на видеата можете да видите од официјалниот сајт.

Slides AI – создава импресивни презентации за само неколку секунди. Вештачката интелигенција ја прави целата презентација за вас, а доколку сакате можете да го уредувате финалниот продукт.

Remini – подобрување на старите и матните фотографии што ги имате. Користејќи вештачка интелигенција, Remini се труди да ја искристализира фотографијата и да ви понуди значително подобра алтернатива.

Pictory – Не ви се допадна претходната алатка за уредување видеа? Pictory автоматски создава кратки видеа од вашите долги видеа/ текстови и одлично ги средува за пласирање на платформи како YouTube Shorts и слично, без да бара претходни технички познавања.

Wordtune – ви помага како правилно и „природно“ да се изразите при комуникација со останатите, така што за секоја ваша напишана реченица ви дава предлози како истото би можеле да го кажете, но на подобар начин со формален или секојдневен тон. Директно од сајтот можете да ги проверите можностите.

Која е вашата омилена AI алатка? Која алатка ја пропуштивме во оваа прилика, а не би требало во наредната? Кажете ни во коментарите!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top