Жените во ЦИЕ имаат отежнати услови за учество во развојот на вештачката интелигенција

Women Go Tech, невладината организација која, преку менторство и поддршка во кариерата, се залага за родовата еднаквост и учеството на жените во технологијата, го објави истражувањето: „Жените и вештачката интелигенција: предизвици, перцепции и перспективи во регионот на ЦИЕ“. Предводена од Women Go Tech и поддржана од Google.org и ОБСЕ, големата студија опфати повеќе од 5.400 жени од 13 европски земји.

За регионот на Централна и Источна Европа, ова е прва студија од ваков вид. Наместо да се потпира на заклучоци и сознанија засновани на експертски мислења, истражувањето се заснова на искуства од самите испитаници.

Кога се работи за пополнување работни позиции кои се клучни за развојот и имплементацијата на вештачката интелигенција ширум светот, жените се недоволно застапени. Оваа незастапеност е очигледна не само во поглед на работните позиции, туку и во поглед на податоците кои се користат за обуката на системите за вештачка интелигенција. Како резултат, значајно се намалуваат можностите за менторство, а дополнително се засилува циклусот на континуирано исклучување на жените.

Ако податоците кои се користат за обука за вештачка интелигенција бележат недоволната застапеност на жените, тогаш се создаваат дискриминаторски предрасуди. Ваквото нешто може значајно да влијае на прашања поврзани со, на пример, здравствената дијагностика. Имено, ако не се земат во предвид специфичните потреби и карактеристики на женското тело, вештачката интелигенција нема да може етички да се користи. И покрај тоа што е од клучна важност жените подеднакво да бидат инволвирани, сепак се забележува големо заостанување на овој фронт.

За да се создаде поцелосна слика, истражувачите анкетирале четири категории на поединци:

  • жени кои работеле во технолошкиот сектор повеќе од две години (27%),
  • жени кои работеле во технолошкиот сектор помалку од две години (12%) ,
  • жени кои работат во други сектори, но размислуваат за технолошка кариера (31%) и
  • жени кои не работат и не се заинтересирани за работа во технолошката индустрија (30%).

Во текот на процесот на собирање податоци, студијата постојано го побиваше стереотипот дека жените се помалку заинтересирани за технологија или вештачка интелигенција од нивните машки колеги. 68% од испитаниците користеле барем една алатка за вештачка интелигенција претходно, а 61% од испитаниците изразиле интерес да научат повеќе алатки и апликации за вештачка интелигенција. Премостувањето на родовиот јаз не ги окупираше нивните мисли – всушност, анкетираните жени не ги сфаќаа технологиите за вештачка интелигенција како пристрасни, барем не на ист степен како експертите за вештачка интелигенција.

Наместо тоа, жените биле склони да имаат различни негативни перцепции и лажни верувања за вештачката интелигенција, често поврзани со замена на работното место, приватноста на податоците и потенцијалното влијание врз човечките интеракции.

Другите бариери беа со практична основа и се сведуваа на фактот дека 12% од 61% од жените кои изразија интерес за понатамошна обука поврзана со вештачката интелигенција рекоа дека едноставно немаат време да се обучуваат. Дури половина од испитаниците кои рекле дека не се заинтересирани за понатамошно образование ги навеле временските ограничувања како бариера.

Вкупно, 68% од испитаниците се заинтересирани да студираат вештачка интелигенција или да работат во област поврзана со вештачката интелигенција. Сепак, само половина од нив имаат намера да го сторат тоа. Ова ја открива најголемата предност на студијата: жените апсолутно сакаат да посветат време и енергија за студирање на вештачката интелигенција, но, сепак, се нема соодветен пристап за интеграција кој ќе одговара на сите.

Со оглед на тоа дека само 8% од компаниите располагаат со јасни упатства поврзани со вештачката интелигенција, индивидуалните жени често се чувствуваат неподдржани и во подредена положба. Ова е лошо и за интеграцијата и за продуктивноста, бидејќи компаниите имаат корист само од ефикасноста и беспрекорноста што ги обезбедува вештото користење на вештачката интелигенција.

Студијата ги има поделено испитаниците во четири категории и со различни групи на потреби за интеграција. 

Категорија #1: Неангажирани испитаници (38%), на кои им се потребни основни едукативни работилници и демонстрации на практичното решавање на проблемите на вештачката интелигенција на секојдневно ниво. 

Категорија #2:  Неволни почетници (9%), кои треба да се охрабрат преку овозможување пристап до познати платформи, алатки и апликации за вештачка интелигенција.

Категорија #3: Заинтересирани за технологијата (21%), или основни корисници на вештачка интелигенција кои може да преминат во напредни корисници преку висок ангажман на работодавачот, програми за сертификација, приспособени патеки за учење, практични проекти и менторство.

Категорија #4: Искусни корисници (31%), на кои им треба соодветно опкружување за збогатување на знаењето и поддршка за премин од корисник до развивач преку хакатони, специјализирани курсеви во напредни полиња и заеднички проекти.

Според истражувањето, општата незаинтересираност на жените за вештачката интелигенција првенствено произлегува од недостатокот на самодоверба. Паралелно со ова, се покажува дека недостатокот на разбирање за тоа како функционира технологијата сè уште е една од клучните бариери за ангажманот на жените. Разговорите и образованието поврзано со вештачката интелигенција мора да соодвествува со категоријата на жените за кои станува збор. Во иднината ќе има еднаквост во вештачката интелигенција само доколку нејзините сегашни предизвици се правилно разбрани.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix Global

QA Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk