Google фанови ги гаѓаа со јајца германските куќи кои се кријат на Street View
Група германски Google фанови оставија порака „Google е кул“ и ги гаѓаа со јајца неколку куќи во Есен бидејќи се замаглени на Street View, пренесува Deutsche Welle.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Свет. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Група германски Google фанови оставија порака „Google е кул“ и ги гаѓаа со јајца неколку куќи во Есен бидејќи се замаглени на Street View, пренесува Deutsche Welle.
Финските истражувачи на Nokia го направија Ubice,„екран“ на допир од блокови лед. Тие проектираа слики на блоковите лед големи 50 cm и дебели 25cm, и користеа проектор, скоро инфрацрвени светла и камера да ја одредат позицијата и движењата на рацете.
Ченг Јанпинг, 46, е затворена во логорот за принудна работа за една година откако тамошните власти ја обвинија за „нарушување на јавниот ред и мир“ со ретвитање на Twitter порака од нејзиниот вереник што ги исмејува младите кинески националисти кои се држале анти-јапонски собир, вели Amnesty International. Нејзиниот вереник Хуа Чиншуи бил пуштен од полицијата по 5 дена, но тој не ја видел Ченг од тогаш.
„Креативниот Интернет“ е документ од над 100 проекти кои ја демонстрираат креативноста на друштвените веб проекти, на кориснички генерираната содржина и инспиративната дигитална култура.
На 8 април годинава кинескиот телеком киднапирал 15 отсто од светскиот интернет сообраќај, држејќи ги во „заложништво“ цели 18 минути, се вели во извештајот на Комисијата за економски и безбедносен преглед меѓу САД и Кина.
Користејќи Photoshop, луѓето го хакнуваат значењето, вели Бен Ха основачот на секогаш забавните Cheezburger сајтови на Web 2.0 самитот.
Тwitter ќе го користи Google Translate да преведува твитови во стримот со цел корисниците од различни јазици да споделуваат информации.
Google стартува систем за препораки и откривање на локални места. Hotpot е дел од Google Places, a служи корисникот, и неговите пријатели, да можат да ги оценат и да искоментираат за локалните места кои ги посетиле.
Facebook вреди повеќе од Ebay и е трет најголем интернет бизнис по Amazon и Google во САД, вели Bloomberg. Оваа проценка е направена според SecondMarket, онлајн пазар за тргување на акции од приватни компании, Facebook вреди неверојатни 41 милијарда долари. Единствено пред Facebook се Amazon кои вредат 74.4 милијарди долари, и се разбира Google кој вреди 192.9 милијарди долари.
OpenStreetMap е дигитална мапа на светот, но за разлика од мапите на Google или Bing, OpenStreetMap е слободна и бесплатна, налик на Вики концептот, која може да ја едитира кој сака корисник со GPS, воздушна фотографија или други извори на податоци кои ќе можат да придонесат кон мапите. Проектот е стартуван летото 2004 година, а […]
Во првите 24 часа од пуштање во продажба само во САД и Британија се продадени над 5.6 милиони парчиња на Call of Duty: Black Ops со што се генерираа 360 милиони долари, наминувајќи го рекордот oд 250 милиони долари на Modern Warfare 2, што е претходното продолжение на Call of Duty серијалот. Black Ops ноќта на објавувањето е пуштена за продажба во 12.000 продавници ширум светот.
Squаrе, мал коцкест читач на кредитни картички за мобилни телефони со кој преку апликација се извршува наплата, официјално излезе од бета пред една година, и веќе успева да процесира милиони долари од мобилни трансакции секоја недела, пишува TechCrunch.
Над 80.5 милиони паметни телефони уреди се продадени ширум светот во третиот квартал на 2010, што е 96 отсто пораст oд истиот период лани, вели Gartner.
Како една од водечките иновативни компании на Google му е важно да ги вработи само најспособните и креативни умови. Токму затоа интернет гигантот при интервјуата за работа поставува едни од најлудите и најоткачените прашања. Логичките проблеми на прв поглед се откачени, но тоа што вработува е секако креативниот одговор.
Екипа студенти од ФЕИТ го освои четвртото место на неодамнешниот IEEEXtreme натреварот за програмирање меѓу 970 екипи со преку 2.700 учесници од целиот светот. На натпреварот, кој е организиран од интернационалниот Институт за електрични и електронски инженеринг (IEEE), учествуваше и втора екипа студенти од ФЕИТ која го освои 84 место, што ги пласира македонските студенти во горните 10 отсто од учесниците.
BBC пишува за 46 годишниот Мика Терхо кој како целосно слеп се вклучил во пилот-проект на германскиот универзитет Тиминген по што му било вградени чип во окото. Откако прогледал, г. Терхо вели дека на почеток луѓето му изгледале како духови.
Да, Facebook е дел од популарната култура и затоа е потребно да се испее. Подолу е видео од бугарската фолк пејачка Гергана и нејзината песна за друштвената мрежа. По тоа што разбрав, флертувањето започнува на Facebook, за потоа да стане реалност. Можеби Гергана сака да ни каже дека реалната комуникацијата е поважна од дигиталната? Уживајте! :P
Турција ја тргна забраната за пристап на YouTube откако пред повеќе од две години го банираше сајтот заради содржина која го навредува Мустафа Кемал Ататурк. Навредување на основачот на турската република се строго забранети во Турција.
Ко-оснивачот на YouTube, Чед Хурли се повлече од позицијата извршен директор на видео сервисот. Тој ќе остане во компанијата, но ќе делува како советник, оставајќи ја директорската одговорност на Сaлар Камандар, поранешен претседател на веб апликации во Google.
Дали знаевте дека првиот "робот" бил наречен Гулаб и работел на пареа, а бил создаден од грчкиот математичар Аркитас уште 400 години пред нашата ера? Дали знаевте дека зборот "робот" го добил своето значење уште во 1920 година, од чешкиот збор "робота" кој значи "принудена работа"? Прв пат и единствен пат робот има убиено човек во 1979 во фабриката на Ford, кога роботската рака по грешка го поткачила вработениот предизвикувајќи му повреди.