OpenStreetMap е дигитална мапа на светот, но за разлика од мапите на Google или Bing, OpenStreetMap е слободна и бесплатна, налик на Вики концептот, која може да ја едитира кој сака корисник со GPS, воздушна фотографија или други извори на податоци кои ќе можат да придонесат кон мапите.
Проектот е стартуван летото 2004 година, а подолу е неодамна објавеното видео од еволуцијата, растот на овој проект, што покажува дека со ефективна колаборација на „дигиталните граѓани“ ќе може да се добие навистина квалитетен продукт. Пример, споредете ја Open Street мапата на Македонија со Google Maps и ќе видите дека воопшто не е лоша, фалат само мали детали.
Evolution of European OpenStreetMap coverage [Full HD] from skobbler on Vimeo.