Нејзината порака е ретвитуван од 74 луѓе. Таа во твитот додава „Напред, гневна младино“ сатирично обраќајќи им се на младите националисти да го нападнат јапонскиот павилјон на World Expo во Шангај, додека првичниот ретвит на Хуа бил „Анти-јапонски демонстрации, уништување јапонски продукти, ова беше направено пред многу години од Гуо Кјуан [активист и експерт за масакрот во Нанјинг]. Ова не е нов трик. Ако сакаш да направите нешто нови, веднаш фатете лет до Шангај да го уништите јапонскиот Expo павилјон.“
Според кинеските закони, полицијата може да праќа луѓе во логори за „ре-образување“ дури и до 4 години без судење. Најчесто под овој систем потпаѓаат проститутки, корисници на дрога, крадци, и секако политички противници.
Интересно, младата Ченг исто така нa Twitter jaвно го поддржувала добитникот на Нобелова награда за мир Лиу Хиаобо, кој е исто така во политички затвор во Кина заради барање крај на комунистичкиот режим.
Тwitter исто така е блокиран во Кина, но има разни начини како да се зајде „големиот firewall на Kина“.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.