0 коментари 1 мин. читање

Локални препораки со Google Hotpot

За да оценувате места се логирате на Hotspot и Google ви дава избор на места што се близу вас, зависно од што барате, пример ресторани, хотели… Потоа имате можност да го оцените локалното место со неколку ѕвездички и коментар. Покрај споделувањето корисничко искуство, концептот на Hotpotе е зависно од вашиот рејтинг на местата Google да ви прикаже такви резултати. Пример, рангирате високо италијански ресторан, Google ќе ви прикаже други италијански ресторани близу до вас кои можат да ви бидат интересни.

Алатката не е ништо посебно функционална за десктоп користење, но е корисна доколку патувате и се наоѓате во нов град во потрага по хотел или ресторан. Во такви моменти персонализирани препораки, заедно со коментари за местата, се дефинитивно добредојдени. Дополнително, препораките од пријателите ќе се појават во резултатите на Google.

Сепак, Hotpot е наменет, пред се, за мобилно користење. Како кај сите локациски сервиси, корисниците често споделуваат информација за каде се, а со Hotpot апликација ќе може лесно и брзо да го оценат местото и да остават коментар.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top