Нема „страшни“ новини во најавениот Linux kernel 3.0
Линус Торвалдс официјално ја претстави 3.0 верзијата на Linux. Новата, стабилна 3.0 верзија ќе биде објавена на скорешниот 20-ти роденден на Linux.
Софтвер вести, анализи, алатки, апликации и практични водичи за продуктивност, развој и дигитална работа. IT.mk ги следи најважните софтвер трендови за корисници и професионалци.
Линус Торвалдс официјално ја претстави 3.0 верзијата на Linux. Новата, стабилна 3.0 верзија ќе биде објавена на скорешниот 20-ти роденден на Linux.
Soluto е алатка која користејќи го корисничкото знаење ќе ве советува што да направите да го олесните стартувањето на компјутерот со тргање на непотребните работи, а сега, новиот Soluto ќе ви помогне да го олесните стартувањето на прелистувачот.
HTC велејќи дека ги послуша корисниците, најави дека ќе ги отклучи bootloader-ите на своите идни телефони што ќе овозможи на корисниците да го заменат фабрички-инсталираниот оперативен систем и да си инсталираат своја модифицирана и персонализирана Android верзија без страв дека ќе си ја поништат гаранцијата.
3Д технологогијата полека почна да се доближува од кината до нашите домови. Моzilla, NVIDIA и YouTube најавија партнерство чија цел ќе биде да се овозможи прикажување на 3Д HTML 5 видеа. Се разбира овие видеа засега ќе можат да се гледаат само на Firefox 4 и ќе им бидат достапни само на оние машини кои имаат NVIDIA 3D Vision хардвер.
Минатата недела на конференцијата Google IO беше претставен нов музички експеримент кој ги користи можностите што ги нуди Chrome. Станува збор за интерактивниот проект 3 Dreams of Black, кој е базиран на песната Black од инди групата Danger Mouse. Со овој проект можностите на Google Chrome се многу повеќе истакнати, и се разбира далеку поимпресивни. 3 Dreams of Black ги користи предностите кои ги нуди WebGL, JavaScript библиотека која овозможува прикажување на 3D графики во веб пребарувачот без да се користат плагини. WebGL ја користи графичката картичка на вашиот компјутер за прикажување на моделите.
Од стартувањето во 2003-та Skype промени три сопственика, првин беше купен од eBay во 2005 година, за во 2007-ма eBay да каже дека го „прецениле“ Skype и да го предаде на Silver Lake инвеститорска група за во 2011-та да < се продаде на Microsoft за неверојатни a href="http://it.com.mk/24/microsoft-go-kupuva-skype-za-8-milijardi-dolari/" target="_Blank">8.5 милијарди долари.
Soc.io Mall на Seavus е трговски центар за Android апликации каде брендовите можат да си брендидараат онлајн простор - Shop in a Shop, и да продаваат од е-книги до мобилни апликации и музика. Фокусот на центарот е „персонализација на брендот и поврзување со корисниците“ вели продукт менаџерот за Soc.io Mall, Ирена Чаловска со која направивме кратко интервју да ни ја објасни продавницата.
Од муабети дека се отпуштени вработени кои откриваат тајни за Windows 8 до гласини што носи новиот оперативен систем на Microsoft кој го користат над 90% од корисници.
Google претстави систем базиран на Android кој ќе ги поврзува домашните уреди преку Google протоколи,
<Надополнето> Microsoft го купи Skype за 8,5 милијарди долари, со цел да пружи Skype поддршка за Microsoft уредите како Xbox и Kinect, Windows Phone мобилни и идни таблет компјутери, а Microsoft ќе ги поврзе Skype корисниците со Lync, Outlook, Xbox Live и други заедници.
Microsoft, Google, Facebook... сите три гиганти се кандидати или да го купат Skype или, што е поверојатно, да инвестираат и да започнат сериозна соработка со VoIP сервисот. Ова се во моментот шпекулациите кои кружат низ Интернет, започнувајќи со Reuters кој според извори блиски до компанијата вели дека Skype е во преговори со Facebook и Google, и сега продолжувајќи со GigaOm кој вели дека и Microsoft е вмешан во целата ситуација и дека треба да се очекуваат детали наскоро.
Наместо физички копии, новиот, закажан за летово, оперативен систем за Mac - Lion ќе се дистрибуира преку Mac App Store продавницата за десктоп апликации. Apple ќе понуди и физички дискови за луѓе со послаба конекција, како што велат изворите на AppleInsider.
И Facebook и Google размислуваат или да го купат Skype или да направат заедно некаква соработка откако Skype го одложи излегувањето на берзата, пишува Reuters повикувајќи се на анонимни извори.
Се очекува со Windows 8 да се стартува и Windows Store, продавницата за апликации која според италијанскиот Windows8Italia блог ќе има неколку интересни можности.
Ако подолго време сте играч на MMORPG - масивни онлајн мултиплеер игри, сигурно сте се сретнале со поголем број наслови, од кои некои се бесплатни, а некои имаат еднократно плаќање или месечни претплати. Се разбира и едните и другите имаат свој начин за остварување профит и со оглед на тоа колку пари се потребни за тековни трошоци ретко кој би можел да им забележи. Бесплатните MMORPG игри имаат неколку начини на зработка: микротрансакции, купување на работи кој ги користите во играта за пари (Pefect World, Rohan:Blood Feud, Battle of Immortals), неограничен „trial” ограничување на делови од играта за претплатници (Warhammer Online, Lord of the Rings Online, Dungeons and Dragons Online) или метод кој се поретко го приметувам реклами на корисничкиот интерфејс за играчите кои не плаќаат. Игрите кои се плаќаат имаат месечна претплата(Eve Online), треба да го купите оргиналот на играта (Guild Wars, Guild Wars 2) или комбинација од двете (World of Warcraft, Aion, Age of Conan).
Како Norton корисник решив да ја пробам новата верзија на Internet Security 2012, пишува Александар а.к.а. Pipelin на форумот објавувајќи кратка рецензија за новиот антивирус. Norton е еден од најпопуларните и најфалените антивируси како на форумот на It.com.mk така и според разни тестови.
Новата верзија на Ubuntu оперативниот систем со име „Natty Narwhal" е достапна за слободно симнување.
Google објави нова единаеста стабилна верзија на својот прелистувач Chrome која овојпат доаѓа со опцијата за внесување на говор преку HTML. Пример, може да се преведе тоа што ќе му го кажете на Google Translate со кликање на микрофонот во долниот ќош. Моментално оваа опција е само за преведување од англиски на друг јазик, и иако е забавна сепак ќе треба мала прецизност во изговарањето.
Пред недела дена излезе второто продолжение Portal, интересна логична игра во прво лице со телепортирање меѓу портали која ги собра сите „10-тки“ од куп разни гејминг сајтови. Играта се состои од патување преку портали, често во движење, пример додека се паѓа, кои водат до нивоа каде се решаваат логичките проблеми за да се продолжи битката против GlaDOSS компјутерот.
Секој оперативен систем, Windows, Mac, Linux, си има свој „трик“ за брзо поправување. Но, доколку тоа не работи тогаш и не ви остануваат многу можности за бирање, всушност немањето избор често е пропратено со правање нешто лошо кое на крај ќе ве натера да „тивко липате“, како што вели саркастичниот Оatmeal.