3 коментари 1 мин. читање

Неколку интересни гласини за новините во Windows 8

Еве ги неколкуте интересни гласини за новините во Windows 8, кои се откриени во разните тест верзии на оперативниот систем што не значи дека ќе се појават и во финалната верзија.

  • Се очекува да работи и на таблет компјутерите. Веќе беше откриено декa Dell има план за Windows 8 таблет компјутер, a и според технологијата на спакување на апликациите можеби и ова не е баш некоја гласина.
  • Mac има, Linux има, сите мобилни платформи имаат, сега е ред и Windows да има продавница за аплиакции.
  • Напреден Task Manager со детали за апликациите кои работат во моментот и колку ресурси трошат.
  • History Vault, ќе ги чува фајловите и податоците кои се складирани во случај да има потреба да се повратат, налик на Time Machine на Apple.

  • Oнлајн ID преку кој се зачувуваат сетинзите за Windows 8 кои можат да се искористат да се стартува претходно персонализиранот десктоп од било каде.
  • Логирање на таблет компјутерите со лозинка на допир како на Android телефоните и препознавање на лице при логирање на компјутерот или лаптоп користејќи веб камера.
  • Синиот екран на смртта, познат екран кој се појавува при срушувањето на Windows, кој дури го прекина и Бил Гејтс за време на презентација, ќе биде заменет со нешто поинформативно.

(via Business Insider/WinRumors)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top