Бесплатни MMORPG vs. тие што се плаќаат

За разлика од пред неколку години кога разликата во квалитет помеѓу игрите кој се плаќаа и бесплатните MMORPG игри беше голема во последниве години излегоа неколку навистина квалитени бесплатни игри (Allods Online и Vindictus) а некои го смениа начинот на претплата (Lord of the Rings, Warhammer и Dungeons&Dragons Online) со што делумно се намалија јазот во квалитет.

Vindictus Најдобар бесплатен MMORPG за 2010

Графиката ни на едните ни на другите не им е јака страна, ама со оглед на тоа дека целна група е што поголема публика, јасно е дека тешко за очекување неверојатна графика. Сепак тука имаат предност игрите кои се плаќаат и покрај тоа што тоа тешко ќе му го докажете на зависник од аниме. За начинот на кревање на нови нивоа е исто така тешко да се разговара бидејќи новата генерациа на бесплатни игри се откажа од бесконечниот „grind” во корист на класичното кревање на нивоа со завршување на мисии.

Тоа што секако е предност на игрите кои се плаќаат секако е грижата за корисниците, поголем број „game master”-и, помал лаг до серверите и со оглед на тоа дека на корисниците им се достапни истите оружја и оклопи останувате компетитивни со останатите играчи. Да бидам искрен за мене предностите на игрите кои се плаќаат одамна станаа занемарливи во однос на парите за претплата. Се сеќавам дека последните неколку месеци од мојата претплата на World of Warcraft со часови трчав низ Dalaran, чекајќи да се логира некој за да си поразговарам, а играле вие или не парите за претплата не се плаќаат за изигран час.

Ако мислевте дека 15 милиони корисници на World of Warcaft се многу, Корејскиот WoW- Perfect World има 50 милиони регистрирани играчи

Освен што не се плаќа претплата друга предност која морам да признаам најмногу ме освои кај бесплатните игри е што играчите кои сум ги сретнал тука се далеку попријателски расположени. Со оглед на тоа дека серверите не се локализирани во овие игри ќе сретнете играчи од целиот свет. Ако не ви се игра не мора да плаќате, дури и ако ви се игра не мора да плаќате. Но, ако сретнете некој играч кој потрошил 1.000$ (a сум сретнал неколки играчи кои потрошиле и пет пати повеќе) немојте да очекувате дека ќе бидете конкурентни.

Што се однесува до профитот пред да почнам да ја пишувам оваа статија очекував бесплатните игри да не се приближат блиску до игрите кои се плаќаат, и тука бев и најмногу изненаден, се разбира дека World of Warcraft води во заработка, ама на листата се појавуваат и бесплатни игри и тоа во првите 10! Сега листава не е најнова ама со оглед на финансискита криза која го погоди светот, а и со оглед на тоа дека Maple Story ја зголемила заработката, тешко е да се очекува дека драстично е променета во однос на 2008.

Број 3 по заработка во 2008 Maple Story

Уште еден факт кој покажува дека free2play е можеби иднина на online игрите е зголемување на заработката на Lord of the Rings и Dungeons&Dragons трипати откако играта го промени начинот на плаќање. Дел од тоа секако се должи на зголеменото рекламирање ама останатиот дел секако е од 300% зголемување на бројот на играчи. И конечно можеби наjдобрата најава дека бесплатните игри се иднина доаѓа од Tom Chilton од Blizzard, кој срамежливо најавува дека најдобрата MMORPG во иднина може да биде без претплата.

You shell not pay – Дали другите ќе го следат примерот

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@deemeetar
15 years ago

Многу интересна статија. Дали би можел авторот да направи топ5 f2p mmorpg според негов избор? Или барем нешто како препорачани f2p mmorpg.

Dejan
Dejan
15 years ago
Reply to  @deemeetar

Ок ќе се потрудам да ја направам во некоја од следните недели да не дојде многу MMORPG наеднаш ;)

@deemeetar
15 years ago
Reply to  Dejan

Супер, бидејќи никако неможам да си најдам нешто што ми одговара(PvP сличен на wow [ не системот, туку гејмплејот, контролите, динамиката] а брзо левелирање). Скоро сите игри ги имам пробано од повеќе топ10 листи ама никако да се задоволам :D