0 коментари 1 мин. читање

Mac OS X Lion ќе е достапен преку App Store

Mac продавница беше стартувана во јануари и најверојатно Apple се обидува да ја направи место за симнување на сиот потребен софтвер. Диструбиурање дигитален софтвер може да значи и дека Apple ќе ги тргне диск драјверите од идните компјутери, вели AppleInsider.

Според верзијата за програмери на OS X Lion, Mac корисниците ќе можат да очекуваат Mission Control, опција што ги поврзува Exposé, Dashboard, Spaces и апликации на цел екран за да се даде преглед врз сите апликации, Launchpad – опција за полесно стартување на апликации, нови мултитач движења, нова верзија на Mail, AirDrop алатка за безжичен пренос на фајлови меѓу два Mac-а, Resume за враќање на апликацијата, Auto Save, FileVault за енкриптирање на дискови на локални и ектерни драјвери…

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top