Вести

3.566 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Објавени Opera Mini 6 и Opera Mobile 11

Оpera ги претстави своите нови Mini 6 и Mobile 11 прелистувачи за мобилните телефони и таблет компјутери. Mini, кој ги компресира страните за да добие на брзина, е наменет за телефоните од постарата генерација кои работат на разни платформи, пример J2ME, додека Mobile 11 е наменета за помоќните мобилни уреди и таблет компјутери.

0 коментари Прочитај 22 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Симнете ја финалната верзија на Firefox 4 преку FTP сервер

<Надополнето>Објавена е официјната верзија на Firefox 4. Повеќе ќе прочитате тука. </надополнување>   Иако се очекува новиот Firefox 4 да биде официјално претставен покасно денес, сепак финалната верзија од прелистувачот е достапен за симнување во моментов преку FTP сервер. Преку серверот ќе најдете фолдери зависно од оперативен систем, а во нив ќе најдете и верзија на македонски јазик.

4 коментари Прочитај 22 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Мобилни

Facebook го купи Snaptu, стартап за пристап преку мобилен, за 70 мил. долари

Facebook го купи Snaptu, сервис кој ќе им овозможи и на корисниците кои немаат паметни телефони да пристапуваат кон Facebook. Ова е трет потег на Facebook кон мобилната технологија, после маркетинг стартапот Rel8tion и апликацијата за групно праќање пораки Beluga.

0 коментари Прочитај 21 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Свет

Донирајте за Јапонија!

Црвениот Крст на Македонија заедно со мобилните оператори отвори неколку телефонски броеви на кои може да се донира за помош на Јапонија која ја зафати земјотрес и цунами кои ги уништија приморските градови, загинаа над 21.000 луѓе, се направи огромна материјална штета, по што следеа застрашувачки проблеми со три нуклеарни реактори.

0 коментари Прочитај 21 март, 2011
Редакција
1
Редакција
1
Тамара Атанасовска Свет

3Д мапирање, глобален тренд на кој се приклучи и Adidas и Angry Birds

Сигурно досега сте ги забележале оние симпатични и, во најмала рака, импресивни 3D проекции на згради кои во последно време доаѓаат од сите страни на светот. 3D мапирањето според Wikipedia е мапирање на три-димензионални точки на дво-димензионална рамнина. Со помош на оваа техника, може да се добијат навистина интересни 3Д ефекти, кои можете да ги видите во видеата.

12 коментари Прочитај 21 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб Свет

Како жените го движат ИТ развојот

Интернетот е поголем од било кога. Експанзијата на нови сервиси, експоненцијалниот раст на нови корисници, веб компании кои растат со неверојатна брзина. Можеби е изненадувачки фактот кој следи, но бројките покажуваат дека за ова виновни се - жените.

0 коментари Прочитај 21 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook е шпионски сон кој се оствари за CIA, вели Onion

Американскиот сенат ќе и даде повеќе пари на CIA да го развие Facebook бидејќи разузнавачката агенција е „изненадена што луѓето споделуваат се што стигнат... што е навистина сон кој се остварил за CIA", пренесува сајтот за пародии и лажни вести, The Onion.

9 коментари Прочитај 21 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Google ја обвини Кина за „политички мотивиран напад“ врз Gmail

Google ја обвинува Kина дека се плетка со работата на Gmail сервисот со цел да спречи интернет активисти да организираат „јасмин револуција“ налик на неколкуте што се случија последниот месец во Тунис, Египет и Либија.

0 коментари Прочитај 21 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Слушнете го првиот подкаст на Комуникации.нет

Првиот подкаст на Комуникации.нет е достапен за слушање на нивниот блог. Во подкастот ќе ги чуете @darko156, @kuzevski и @sead93 кои ќе дискутираат, во оваа прва епизода, за што е подкаст, за друштвените медиуми и за други актуелни ИТ општествени теми и комуникациски теории.

0 коментари Прочитај 21 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет Софтвер

За сите ИТ девојки: можност за учество во Google Summer of Code преку фондацијата GNOME

(Oва е гостински текст на Арангел Ангов, долгогодишен член и придонесувач во фондацијата и проектот GNOME, како и член на 2с.мк и хаклабот КИКА.)   Како дел од Google Summer of Code, фондацијата GNOME им дава на сите заинтересирани кандидатки шанса да учествуваат во еден од најголемите проекти во светот на слободниот софтвер, работната околина (или десктопот) GNOME. Иницијативата на фондацијата GNOME, GNOME Women Outreach Program е одлична шанса за младите студентки по компјутерски науки од македонските универзитети да добијат можност да работат заедно со луѓето од GNOME заедницата кои што ќе учествуваат во проектите како тутори со долгогодишно искуство во понудените области.

1 коментар Прочитај 21 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Порното и официјално си доби свој .xxx домен

Интернационалното тело одговорно за интернет домените, ICANN, официјално, после долгогодишна дискусија, го одобри .xxx top-level доменот да се користи за сајтови со порнографска содржина.

0 коментари Прочитај 19 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

iPhone 5 ќе има NFC технологија за плаќање со мобилните

Apple ќе вгради Near Field Communication (NFC) чипови во новиот iPhone 5, пишува Forbes повикувајќи се на извори кои работат на NFC продукт, со што продолжувајќи ги шпекулациите кои се движеа од топло до ладно во последнава недела.

2 коментари Прочитај 18 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Свет

isoHunt обвинува дека Google е најголемиот енџин за пребарување торенти

isoHunt во својата борба против Холивуд и обвинувањата за нарушување на авторските права поднесе жалба до судот велејќи дека дека Google, a не тие, е најголемиот BitTorrent пребарувач на интернет.

0 коментари Прочитај 18 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Мобилни Софтвер

Заговор или не: iOS 4.3 JavaScript забрзување само за некои апликации

Некои веб апликациите кои се стартувани од home screen на цел екран на iPhone или iPad, наместо преку Safari прелистувачот, не го добиваат ветенота 2.5+ пати побрзо функционирање со JavaScript за iOS3.

0 коментари Прочитај 18 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб

URL ловец, игра целосно во URL барот

URL Hunter или URL ловец е игра лоцирана целосно во URL барот. Ова е еден целосно нов пристап, а развивачот Кори Џонсон вели дека ја склопил по само неколку часа играње со HTML 5.

0 коментари Прочитај 18 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб Свет

Microsoft го сруши Rustok и го намали светскиот спам за 39%

Digital Crimes Unit на Microsoft во соработка со полицијата ја срушија најголемата спам мрежа во светот Rustok. За големината на спам мрежата говори и статистиката дека 89-90% од сите имејл пораки пратени во светот се всушност спам пораки.

3 коментари Прочитај 18 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

САД креира лажни онлајн профили за „друштвена интеракција со терористи“

Американската војска развива софтвер - „сервис за менаџирање на онлајн личност“ - кој ќе дозволи тајно да се манипулираат онлајн дискусиите со креирање лажни идентитети и профили за да се влијае врз корисниците и да се шири про-американска пропаганда, пишува Guardian.co.uk.

0 коментари Прочитај 18 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб Софтвер

Надополнето: Apple негира дека Android е 52% побрз од iPhone

<Надополнето:> Apple велИ дека ова истражување си има свои маани. Blaze за ова истражување користеа апликации кои сами ги развиле, наместо оригиналните производи, како на пример Safari, a во извештајот иако ја имаат дадено оваа информација, имаат напишано дека ги користиле предностите што ги има новиот iOS 4.3, како подобрениот Safari со Nitro енџинот. Apple вели дека апликациите кои го имплементираат UIWebView за да овозможат функции за „сурфање“ како што направиле Blaze, не ги користат подобрувањата до новиот iOS 4.3, и дека тоа можеби е причина за толку високата разлика.

0 коментари Прочитај 18 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

Активиран Facebook Places и за македонските корисници

Алатката за споделување локација Facebook Places сега е активирана и за македонските корисници да можат да се чекираат, односно да тагираат места на Facebook кои ќе си добијат своја страна која ќе може да се едитира со слики и информации.

9 коментари Прочитај 18 март, 2011
Мени
Заедница
Изглед