0 коментари 1 мин. читање 21 март, 2011

Донирајте за Јапонија!

Донациите можат да се уплатат во Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија на жиро сметка: 300000001327966, даночен број 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака за настраданото население во Јапонија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви: 070 143-400, 075 143-400 и 077 143-400.

Меѓу операторите и сервисот за групно купување, Колектива, понуди помош со донации од по 30 денари за Јапонија. Веќе има 303 корисници кои донирале.

Дополнително многу македонски корисници го закачија постерот, слика погоре, како слика на својот аватар на друштвените мрежи како знак за поддршка на Јапонија.

Japan@mk блогот пишува дека може да се купат и други различни дизајнерски постeри со што парите ќе бидат пренасочени кон помагање на настраданите.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}