isoHunt обвинува дека Google е најголемиот енџин за пребарување торенти

Во жалбата isoHunt велат дека „ни Google ни холивудските студија кои не тужат не го споменуваат 95% од торентите кои можат да се најдат на isoHunt можат и на Google и Yahoo.“ Google се повеќе и повеќе се вовлекува во случајот, што дури компанијата по години молчење за слични случаи, минатиот месец се вмеша во судењето, застанувајќи на страната против isoHunt, оправдувајќи ја тужбата.

Во жалбата се вели дека што прават тие, Google го прави истото, па можеби и уште подобро. Исто така Google ја имаат и командата „filetype:torrent“ што ако ја впишете во пребарувачот и потоа некое име, ќе пребарува само фајлови од типот torrent кои се викаат како името кое го пребарувате. Filetype командата не е ексклузивно за торенти, но сепак додава мала тежина на обвинувањата на isoHunt.

Судот сеуште не е расположен да му излезе во пресрет на isoHunt и да ги стави на исто со Google, но како што се развива случајот, може да се очекува и некое изненадување.

(via TorrentFreak)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments