0 коментари 1 мин. читање

Слушнете го првиот подкаст на Комуникации.нет

Подкастот е во соработка со Радио МОФ на кое оди во живо среда во 21 часот, а потоа станува достапен за симнување и слушање подоцна, пример на мобилен телефон или mp3 плеер како iPоd.

„Си го сакаме радиото како медиум, сме ја почувствувале неговата магија и сега со задоволство сакаме да ја практикуваме во оваа современа дигитална форма.“, вели Дарко Булдиоски, еден од основачите на Комуникации.нет.

„Аудио може да се консумира и подалеку од екран, па на тој начин им овозможуваме на читателите да не консумираат и додека се возат во автобус, автомобил или додека џогираат. Се со цел да бидеме подостапни и да се развиваме како блог мрежа.“

Дарко вели дека подкастот е наменет за поширока публика, да се допре до нови читатели, со што и тематиката на подкастот ќе биде малку поопшта и ќе дискутира за актуелни теми. Пример, средната среда ќе се дискутира за онлајн активизам.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top