Intel ги претстави Oak Trail процесорите наменети за таблет компјутерите
Новите микрочипови се помали и го подобруваат траењето на батеријата, вели Intel претставувајќи ги официјално новите Oak Trail Аtom процесори.
Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.
Новите микрочипови се помали и го подобруваат траењето на батеријата, вели Intel претставувајќи ги официјално новите Oak Trail Аtom процесори.
Donesi.com е веб сервис за нарачка и достава на храна од локалните ресторани. Според луѓе запознаени со случувањата, македонскиот Donesi.com е моментално во затворено тестирање, и се очекува наскоро, меѓу недела-две, да биде стартуван.
Nokia претстави нова верзија на Symbian оперативниот систем - Anna, заедно со два нови модели на телефони X7 и E6. Новото е што новиот Anna ќе има побрз прелистувач, подобрено внесување на текст, нови икони и последна верзија на Ovi Store.
Во моментов Symbian е мртва платформа, не е интересна за програмерите бидејќи во 2012-та Nokia ќе престане да продава Symbian телефони и ќе ја замени до-сега-слободната платформа со Windows Phone оперативниот систем.
На YouTube се појави видео од Blackbarry Bold Touch 9930 Montana кој официјално се очекува да биде претставен во мај на BlackBerry World настанот на Research in Motion.
Ерик Шмит се повлече оставајќи го директорското место во Google на еден од двајцата основачи Лери Пејџ кој веднаш по доаѓање на позицијата направи реорганизација на компанијата.
Картичката има 800 stream процесори, еден или два шест пински конектори за напојување и клокови од 840MHz и 1050MHz на графичкото јадро и меморијата соодветно, пишува 01 Vlatce додавајќи дека „според информациите сите карти кои не го поминале тестот за 6850/6870 се ребрендирани во 6790. Цената и е околу 150 долари (130 евра) и е најавена како директен противник на GTX 550 Ti од nVidia, а според резултатите и е сериозен конкурент.“
Photoshop Touch SDK ќе им овозможи на програмерите да креираат апликации за таблет компјутерите на разните платформи, Android, iOS, BlackBerry, а кој дизајнерите ќе можат да ги поврзат со десктоп компјутерот и да креираат дела користејќи го допирот.
По неколкуте успешни преноси во живо на големи концерти, интервјуа и спортски натпревари, YouTube донесе одлука да овозможи постојано следење на настани во живо преку платформата youtube.com/live.
Бизнис мрежата ја претстави својата официјална LinkedIn апликација за Android, која веќе некое време беше во бета фаза.
Гејминг студиото 2D Boy откри интересни и успешни бројки за продажбата на World of Goo за iPad. Со цена меѓу 5 и 10 долари, iPad верзијата се продаде во 125.000 копии во првите месец дена, што е „најуспешна продажба и најмногу генериран приход“ во споредба со WiiWare верзијата, продадена над 68.000 копии, односно Steam верзијата која се продаде над 97.000 пати.
Hootsuite го купи TwitterBar додатокот за Firefox симнат околу 2 милиони пати и го преименува во Hootbar. Додатокот e интересен и лесен начин за споделување линкови и пораки на Twitter преку барот за адреси на прелистувачот. Заедно со Hootlet овој додаток станува навистина корисен за постирање и на другите друштвени мрежи како Facebook, фан страни […]
Друштвената мрежа го стартува Open Compute Project, споделувајќи ги отворено своите спецификации и дизајни за „38% поефективни и 24% поефтини“ еколошки дата центри кои се ладат со природно движење на воздухот, наместо со скапите клима системи за одржување на температурата.
Не веруваме дека во решението 'еден број им одговара на сите', вели креаторот на Android и потпретседател на инжинерството во Google, Анди Рубин во блог пост демантирајќи ги извештаите дека Android станува затворена платформа или дека се бара стандардизација на уредите.
Се појавија нови слики од Music Player 3.0 апликацијата за Android која има опции за стримање музика, односно сугерираат на најавеното, но се-уште-не-стартуваното музичко „шкафче“ во облакот кое ќе се стрима директно преку телефонот. Сликите беа овјавени од Tech From 10, кои сега се офлајн, а се откриени при стартување на новата тест верзијата на Android Market кој ја содржеше и Music апликацијата.
Управата за јавни приходи воведе анонимно електронско пријавување на мито и корупција, затајување на данок, непрофесионално однесување на даночен службеник...
Apple App Store се уште е на врвот со над 350.000 апликации, следен од Android Market со над 150.000 апликации додека другите продавници за HP webOS, Blackberry, Ovi Store, Windows Phone, Amazon Android Appstore заостануваат со по меѓу 5.000 до 35.000. Можеби малку поистакнати се Get Jar, со над 80.000, односно Pocket Gear и слични продавници, со над 140.000 апликации, кои ги покриваат сите мобилни платформи.
Linux фондацијата започна со подготовките за прославување на 20-те години од кога младиот фински компјутерски инженер Линус Торвалдс ја закачи познатата порака „Здраво сите тамо кои користат Minix..." и подоцна го сподели својот оперативен систем под GPL лиценцата, кој подоцна стана Linux kernel.
Што ќе ново кај iPhone 5? Нов дизајн, поголем екран, ќе го нема home копчето, подобра камера, плаќање преку мобилен, физичка тастатура, бели модели со 64 GB простор, A5 процесор... има еден куп шпекулации и гласини кои сите се вклопени во еден одличен инфографик на NoWhereElse.fr.
Најдобриот фудбалски играч во светот стартуваше своја Facebook фан страна, приклучувајќи се на многуте други фудбалери и професионални спортисти кои имаат своја официјална фан страна или имаат профил на друга друштвена мрежа, посебно на Twitter.