Новата линија треба да го внесе наголемиот светски производител на чипови во пазарот на мобилните таблет компјутери каде најчесто користените процесори се тие дизајнирани од Arm Holdings. Intel најави дека се има договорено со разни произведувачи на 35 нови дизајни на таблет компјутери да го користат Oak процесорот, меѓу кои Lenovo, Fujitsu, Razer…
Процесорот има интегрирана графика и мемориски контролер директно во процесорот, кој е 60 отсто помал од претходната генерација и користи помалку електрична енергија бидејќи е дизајниран за уреди без вентилатори. Новиот Intel Atom процесор Z670, од Oak Trail платформата, има подобрено видео со поддршка за 1080p видео и HDMI. Платформата има поддршка и за Adobe Flash што е доста корисно за таблет компјутерите, посебно тие што сакаат да станат конкуренти на Apple-овиот iPad.







