0 коментари 2 мин. читање 8 април, 2011

World of Goo за iPad продаде 125.000 копии за еден месец

„Откривме дека просечниот iPhone/iPad гејмер е повеќе заинтересиран за убаво поминато време отколку да биде интелектуално предизвикан, барем кога е спореден со просечниот PC или играч на конзолите.“, вели 2D Boy во блог пост кој го објаснува аспектите за дизајн, промоцијата и продажбата на играта.

Најголемиот проблем со играта која е со висок рејтин од 4.5 ѕвезди, според коментарите е тежината. Многу корисници едноставно не можат да се снајдат со некои нивоа, посебно кога се работи за causal играчи или за iOS публиката која повеќе сака да ужива и за која „неуспехот не е опција“. Затоа 2D Boy додаде опција во играта да се рипне нивото.

Од апсект на промоцијата за апликацијата да биде успешна потребни се три моменти, вели 2D Boy. Прво мора да е претставена, истакната од Apple на почетната страна, да се пишува за неа по медиумите или да биде во листите на најсимнуваните и најпродаваните апликации.

Интересно, 2D Boy започнале да ја продаваат World of Goo по цена од 10 долари поставувајќи ја на исто ниво со слични игри. Но откако играта веќе не била истакната (featured) во App Store морале да реагираат спуштајќи ја цената на 5 долари, иако знаеле дека топ најпродаваните апликации биле со цена од 99 цента. Намалување на цената ја довело World of Goog на второто место на топ листата, од 51, во рок од 24 часа.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top