0
World of Goo за iPad продаде 125.000 копии за еден месец
Гејминг студиото 2D Boy откри интересни и успешни бројки за продажбата на World of Goo за iPad. Со цена меѓу 5 и 10 долари, iPad верзијата се продаде во 125.000 копии во првите месец дена, што е „најуспешна продажба и најмногу генериран приход“ во споредба со WiiWare верзијата, продадена над 68.000 копии, односно Steam верзијата која се продаде над 97.000 пати.