Лејди Гага и Zynga го стартуваат GagaVille
Zynga на 17-ти мај ќе го стартува GagaVille кое е посебно дизајнирано место во популарната друштвена игра FarmVille каде посетителите ќе имаат шанса ексклузивно да ја чујат првата се-уште-необјавена песна од „Born This Way“ албумот на Лејди Гага, и да видат овци во кожни јакни на мотори, еднорози, кристали... целата екстравагантност на поп ѕвездата смалена во пиксели... и на фарма.