0 коментари 2 мин. читање 6 мај, 2011

Facebook ќе ги плаќа корисниците да гледаат реклами

Ова таканаречено „трансакциско рекламирање“ е дел од партнерство меѓу Facebook и маркетинг компаниите SocialVibe, TrialPay и Sharethrough, a неговата цел е да го зголеми процентот на кликнати наспрема видени реклами, но и да ги мотивира корисниците да ги користат Credits повеќе.

Facebook Credits се главна виртуелна валута за купување на добра, која од 1 јули ќе стане и обавезна валута за сите апликации на мрежата. Facebook зема 30% од сите трансакции преку Credits. Интересно, само апликациите кои ги имаат Credits како главна валута за купување ќе можат да се вклучат во DealSpot. Најмногу се купуваат добра од разните друштвени игри што значи дека ќе бидат добра мотивација за скоро 350-те милиони Facebook гејмери кои се од „7 до 77 години“.

Овие реклами најверојатно ќе се појавуваат на страничниот бар од игрите со можен наслов како „Доби бесплатни кредити“. Со кликањето на иконата се отвара видео по што се следат линкови, се гледаат видеа, се следат надворешни линкови или се пополнуваат анкети за евалуација и се заработуваат Credits.

(via InsideFacebook)

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top