Следете ја Google I/O 2011 конференцијата во живо

0 коментари 1 мин. читање

Тоа што може да се очекува да биде претставено е новиот музички сервис – Music Beta by Google, кој е сервис во облакот налик на Amazon Cloud Drive, преку кој корисниците ќе можат да си складираат музика на која ќе можат да и пристапат и стримаат од било каде и било кој мобилен уред. За жал сервисот стартува само за корисниците во САД.

Се очекува да се претстави и Android Ice Cream, односно нова верзија на платформата за паметни телефони, како и подобрувања на Honeycomb верзијата за таблет компјутер. Најверојатно ќе се претстават и подобрувања во Android продавницата, заедно со трансакции во самите апликации, како што направи Angry Birds претходно.

Можеби ќе чуеме нешто повеќе за Google TV, за друштвените игри, за App Engine за апликации во облакот како и за новиот Offers сервис за групно купување.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед