Вести

3.566 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Windows Phone 7.5 ќе има имејл разговори на почетниот екран

Во исчекување на Mango, што е име на следната 7.5 надоградбата на Windows Phone, која би требало да се пушти покасно во годината, Мicrosoft откри слики кои прикажуваат бизнис можности на Windows Phone, односно се гледа дека имејл фолдерите и RSS фидовите се прикачени на почетниот екран за брзо читање. Имејловите во инбоксот ќе бидат организирани како разговори, врзувајќи ги одговорите за еден имејл, налик како што е новиот систем за пораки на Facebook, каде сите разговори со еден корисник се на едно место.

0 коментари Прочитај 17 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

Seavus ќе го стартува Soc.io Mall, трговски центар за Android апликации

Soc.io Mall на Seavus е трговски центар за Android апликации каде брендовите можат да си брендидараат онлајн простор - Shop in a Shop, и да продаваат од е-книги до мобилни апликации и музика. Фокусот на центарот е „персонализација на брендот и поврзување со корисниците“ вели продукт менаџерот за Soc.io Mall, Ирена Чаловска со која направивме кратко интервју да ни ја објасни продавницата.

1 коментар Прочитај 16 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Не ми го чепкајте Интернетот! Турците со протести против цензура

Со „Не ми го чепкајте Интернетот“ и „Да, банираме!“ слогани десетина илјади турски интернет корисници во неделата излегоа на протести во Истанбул, Анкара и други турски градови, барајќи слободен Интернет без цензура. Протестите се организирани преку Facebook, групата има над 600.000 луѓе, а како мотив е одлуката на Турскиот интернет регулатор (BTК) да воведе филтри за цензурирање на содржината.

0 коментари Прочитај 16 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет Хак-атак/Приватност

PlayStation Network по 3 недели повторно е онлајн

Со видео обраќање, претседателот на Sony Computers, Казу Хираи го најави ре-стартување на гејмерската онлајн платформа PlayStation Network која беше изгасена веќе 3 недели поради хакнати профили и укредени лични податоци заедно со телефоски броеви и кредитни картички на 77 милиони корисници.

0 коментари Прочитај 16 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

iPhone 4 и Apple App Store влегоа во Гинисовата книга на рекорди

Новото „гејмерско издание“ на Гинисовата книга на рекорди 2011-та ги вклучува Apple App Store и Angry Birds како светски рекордери според најпопуларна продавница за игри, односно најпродавана игра, заедно со iPhone 4 кој ги надмина Sony Playstation и Nintendo станувајќи најбрзо продаваната гејминг платформа.

0 коментари Прочитај 16 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Facebook воведе нови безбедносни опции за логирање

Facebook воведе опција за да се внесе код при логирање на неовластен компјутер. Опцијата има два чекори што значи барање код и добивање код преку телефон во вид на SMS. При секое логирање од непознат компјутер Facebook ќе ви прати SMS со код кој ќе треба да го внесете. Ако го користите тој компјутер може да си го зачувате како „компјутер на кој му верувате“.

7 коментари Прочитај 13 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.ЕУ Хак-атак/Приватност

ЕУ вели дека локацијата е приватна информација

За Европската Унија собирањето корисничка локација преку паметните телефони или интернет компании, е исто како собирањето име или роденден, односно тоа се приватни податоци на кои мора да се внимава.

0 коментари Прочитај 13 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Без паника по студентските домови, Oкно.мк не е цензуриран

На Facebook ѕидот на Окно.мк се појави скриншот од кој се гледедека сајтот е блокиран низ студентските домови заради порнографија. Бидејќи интернет врската ја обезбедува Министерството за образование веднаш се помисли на политичка цензура бидејќи Окно.мк е „анти-естаблишмент“. Но, се појави дека Mинистерството користи Gateway кој е селектиран според клучни зборови да го лимитира трошењето на интернет сообраќајот по студентските домови.

30 коментари Прочитај 13 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Неколку интересни гласини за новините во Windows 8

Од муабети дека се отпуштени вработени кои откриваат тајни за Windows 8 до гласини што носи новиот оперативен систем на Microsoft кој го користат над 90% од корисници.

3 коментари Прочитај 13 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Објавен кодот и 2.0 верзијата на Поправи.мк

Кодот на наградуваната Поправи.мк, веб и апликација за Android, е објавен и достапен на Github. Заедно со веста за кодот се објави и нова 2.0 верзија.

1 коментар Прочитај 12 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Фатен на дело! Facebook најмил новинари да шират лаги за Google

Facebook тајно најмил ПР агенција да шири лаги за Google, пишува Daily Beast. Поранешен новинар на CNBC, Џим Голдман, кој сега работи како ПР претсавник во Burson Marsteller се обидувал да продаде приказна на блогери и новинари за Gmail Social Circle кој наводно ќе ја наруши приватноста на милиони корисници, ветувајќи им на блогерите дека ако ја истражат приказната ќе бидат објавени во влијателни медиуми.

1 коментар Прочитај 12 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Гневните птици слетаа и на прелистувачите

Аngry Birds се појави во Chrome Web Store како самостоен веб сервис кој користи HTML5 технологии со можност да се игра во висока дефиниција преку новите Chrome, Firefox 4 и Internet Explorer 9, додека постарите верзии на Firefox можат да играат само во стандардна дефиниција.

0 коментари Прочитај 12 мај, 2011
Редакција
1
Ива Дујак Друштвени мрежи

Facebook го олесни администрирањето на страниците

Поголема прегледност на статистиките на секоја од страниците која се администрира, јасен приказ на вкупниот збир на фанови на страницата, како и инстантно информирање за активности на страницата, се само некои од придобивките кои ги нуди новата опција за следење на активностите и администрирање на Facebook страниците.

0 коментари Прочитај 12 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Сега можете да тагирате Facebook страни на фотографиите

Друштвената мрежа стартуваше опција да може да се тагираат фан страните во фотографиите исто како што се тагираат пријателите со цел „да се споделат побогати приказни со пријателите за работите со кои се има интеракција во реалниот свет, како бизниси, брендови, познати личности и музичари“

0 коментари Прочитај 12 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

Сега може да купувате Android апликации и од Македонија

<Надополнето>Се чини дека со „наскоро“ Google мислеше на веднаш. Македонските Аndroid корисници веќе можат да се купуваат апликации од Android Market. Доколку ја стартувате продавницата од вашиот мобилен ќе добиете Top Paid, Top Free и Just In категорија за пребарување на апликации. (tnx до @Goth_fifty и @MarjanIvanovski за инфото)

3 коментари Прочитај 12 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Ice Cream Sandwich ќе ја реши фрагментацијата на Аndroid, вели Google

Ice Cream Sandwich, најновата 2.4 верзија на мобилниот оперативен систем Android, ќе се обиде преку алатки за програмерите да го реши проблемот со фрагментацијата на платформата, кој е расфрлена на над 300 разни Android уреди кои користат разни верзии од оперативниот систем.

0 коментари Прочитај 11 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Facebook iFrame пропуст, дозволен пристап на надворешни апликации

Symantec објави дека Facebook случајно дозволил пристап на надворешни апликации до корисничките податоци, како профили, слики, чет, и можност да се постираат пораки и да се копа низ личните податоци.

0 коментари Прочитај 11 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Видео игрите добија статус на уметничко дело

Конечно е ставен крај на дебатата за прашањето дали видео игрите се уметност. Американската Агенцијата за подршка на уметности NEA ги потврди игрите како уметничка форма. Агенцијата го промени името на категоријата од „The Arts on Radio and Television” во „arts in media” и предходната категорија сега содржи нови проекти појаснувања. Целосните промени на појаснувањата на агенцијата за подршка може да ги погледнете тука.

1 коментар Прочитај 11 мај, 2011
Мени
Заедница
Изглед