Ovi продавницата во моментов има над 40.000 апликации и достигна 5 милиони дневни симнувања во април 2011-та, што иако фасцинантни бројки сепак е далеку зад популарните Apple App Store и Android продавниците.
Проблемот, вели Nokia, e што Ovi може да биде чудно и непознато име за многу нови корисници.
„Донесовме одлука да го смениме брендот од Ovi во Nokia, со централизирање на идентитетот на сервисот во еден бренд, не два, ќе добиеме поголем бренд во Nokia и ќе ја здружиме нашата бренд инфрастуктура.“, вели главниот за маркетинг во финската компанија, Џери ДеВард.
Ovi на Nokia ќе стане само Nokia при крај на 2012-та.