Вести

3.557 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски feature Вести

Гејминг новости од минатата недела #39

Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, триесет и деветто издание. NBC (Left Field) ја искористи Minecraft играта за да објасни кој ја поседува месечината. Во видеото наидувате на илустрации и анимации целосно изработени во Minecraft. Претставник од Microsoft изјави дека тие немале ништо со […]

0 коментари Прочитај 24 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Друштвени мрежи

ИТ настан: #InstaMeetSkopje – 5 години подоцна

Во среда, на 26.јули 2017 година, пет години по првиот организиран собир на локалните Instagram ентузијасти, закажан е нов #InstaMeetSkopje. Со почеток во 19 часот, во градскиот парк во Скопје (кај Фонтана) љубителите на оваа, сега веќе масовно користена апликација, ќе се дружат и споделуваат фотографии на тема – движење. За потсетување, првиот собир во […]

0 коментари Прочитај 24 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

YouTube против ИСИС, платформата ќе ги пренасочува видеата

Долго време Исламска Држава во Ирак и Сирија ги користеше друштвените мрежи за регрутирање. Постови и пораки на Facebook, твитови за споделување на агенда и мотивациони видеа за регрутирање на YouTube, од почетокот беа оружје на екстремистите. YouTube става крај на ова. Во зависност од тоа што го пребарува, корисникот може да биде пренасочен. Така, […]

0 коментари Прочитај 24 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Норвешка ќе гради автономни бродови

Беспилотните летала и автономните возила веќе се на пат да станат реалност. Две норвешки компании работат на технологија која ќе ги овозможи првите автономни бродови. Доколку успеат, транспортните автономни бродови би можеле да имаат поголемо влијание и од авионите и од возилата. Yara Birkeland најавува дека во 2018 година ќе започнат со првите тестови на […]

0 коментари Прочитај 24 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција feature Веб

Гиковите vs. хотелиерите: Платформа за бесплатно сместување за Супер Куп

Кога во едно општество етичките и моралните граници и општо прифатливи бизнис пракси ќе бидат засенети од желбата за профитерство,  скоро секогаш гиковите пронаоѓаат начин да понудат нешто поинакво и да направат реален обид за обелување на образот на општеството. Така беше и со #поплава, така е и сега со срамот кој хотелиерите го нанесоа во пресрет на претстојниот […]

1 коментар Прочитај 24 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Microsoft не оди никаде, акциите на компанијата највисоки во историјата

Пред само неколку години во ерата на Стив Балмер изгледаше дека Microsoft ќе има сериозни проблеми. Неколку години подоцна смената на челото на компанијата, но и значителна промена на насоката, направи Microsoft да биде повторно на врвот. Лоши одлуки од кои најверојатно најпроблематичен е доцниот влез на пазарот за хардвер, придонесоа Microsoft да има проблеми […]

0 коментари Прочитај 24 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски feature Свет

Илон Маск има вербален договор да изгради Hyperloop помеѓу Њујорк и Вашингтон

Hyperloop е концепт за нов револуционерен јавен превоз. Само 30 минути ќе бидат потребни за патување од Њујорк до Вашингтон, доколку Илон Маск успее да ја реализира својата визија. Г. Маск на Twitter откри дека доби вербална дозвола за градење на Hyperloop помеѓу овие градови. Линијата ќе ја изгради новата компанија The Boring Company и […]

0 коментари Прочитај 24 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Малите роботи се иднината на доставата

Роботите и автономните колички се иднината на доставата. Можеби не се премногу практични за достава на големи растојанија, но кусите растојанија се одлични за достава со роботи. Starship Technologies неколку месеци ги тестира возилата, а засега немало никаков проблем. Секако можеби главна причина што никој не го допира возилото е придружбата која е постојано присутна. […]

0 коментари Прочитај 24 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција feature ИТ.ЕУ

SC Ventures ќе инвестира 500.000 фунти во македонско-британскиот InPlayer

Македонско-британската компанија InPlayer, која работи од Скопје веќе неколку години на своја платформа за монетизација на дигитални содржини, ќе добие инвестиција во износ од 500.000 фунти од фондот South Central Ventures. InPlayer е стационирана во Скопје, каде што е и нејзиниот менаџмент тим составен од извршниот директор Џорџ Мик, оперативниот директор Ненад Чубриновски како и директорот за технологија Филип […]

2 коментари Прочитај 24 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција feature Веб

Запознајте ја Slice, американска компанија која работи од Македонија

Овој пост е првично објавен во Digital Spoiler, и е преведен на македонски јазик и реобјавен со нивна дозвола. На пазарот за продажбата на пица кој само во САД минатата година требаше да достигне 45 милијарди US долари, Slice управува со веб-страница и апликација. Сервисот им овозможува на корисниците да пронајдат пицерија во нивна близина (од 6.000 […]

0 коментари Прочитај 24 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб

Google Street View во вселената – како е мапирана Меѓународната вселенска станица

Google Street View не носи на многу кул места кои често  нема да ги посетиме. Последниот додаток на Street View Меѓународната вселенска станица најверојатно е местото за кое имаме најмалку можност за посета. Благодарение на Outer Space View барем малку ќе може да се запознаеме со предизвиците со кои се среќаваат астронаутите.

0 коментари Прочитај 23 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски feature Веб

ИТ терминологија #3: Е2ЕЕ, PUP, Calibration, RAID…

Мини серијал кој на кратко ја дефинира ИТ терминологијата. Browser Hijacker е вид на штеточина која е замислена да промени одредени опции во вашиот прелистувач и да резултира со несакани однесувања, од непрецизни пребарувачки резултати кои ве водат на несакани сајтови, преку промена на предната страна или пребарувачкиот енџин без ваша дозвола па се до […]

0 коментари Прочитај 21 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Борба за секој гледач, NBC има редакција за Snapchat

Телевизиската куќа NBC во потрага по помлада публика креираше тим од 30 члена кои креираат содржини за Snapchat. Snap склучи договори со повеќе медиуми кои креираат содржина за платформата. Со ова Snap може да ги задржи медиумите на својата платформа, а телевизиите ќе се обидат преку поприфатлива платформа кај младите да ги привлечат до своите содржини. […]

0 коментари Прочитај 21 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб

Популарната екстензија за Chrome, Particle сега е adware

Particle до пред десетина дена беше популарна екстензија која овозможуваше промени на изгледот на YouTube. Сега екстензијата функционира како Adware, јави Next Web. Промените започнаа од 11 јули откако авторот ја продаде екстензијата. Тој ги извести корисниците дека повеќе не е сопственик и дека престанува да ја одржува и менува екстензијата. Новиот сопственик ја промени екстензијата, […]

1 коментар Прочитај 21 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски feature Вести

Секогаш подготвени за административни процедури и постапки со Мој документ

Мој документ е македонска апликација која ќе ве подготви за потрагата низ административните лавиринти. Апликацијата е дело на Ротаракт клуб Широк Сокак Битола и на него работеа околу една година. Она што е најдобро во апликацијата е едноставноста за користење. Ниту една процедура не е повеќе од два клика оддалечена од корисникот, што не секогаш е едноставно да […]

0 коментари Прочитај 21 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни

Galaxy Note 8 доаѓа на 23 август

Samsung ги испрати поканите до медиумите, компанијата најави дека 23 август е дата на која треба да бидете слободни. Без сомневање компанијата ќе го претстави новиот Galaxy Note 8. Save the date! August 23, 2017 #DoBiggerThingshttps://t.co/uSEvuV1QKN pic.twitter.com/9lbxtDtm0l — Samsung Electronics (@Samsung) July 20, 2017 Дури ни поканата не остава премногу на фантазијта. Пораката „Прави поголеми […]

0 коментари Прочитај 21 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски feature Вести

Холандската полиција со месеци тајно контролирала продавница на Dark Web

Популарната продавница за наркотици Hansa, лоцирана на скриениот интернет (Dark Web), од 20 јуни е под контрола на холандската полиција. Станува збор за координирана полициска акција во која учествуваа повеќе држави и агенции. Во организираната акција учествуваа: Федералното истражно биро и Агенцијата за сузбивање на наркотици, од САД, Холандската полиција и Еуропол. Во акцијата се затворени AlphaBay и […]

0 коментари Прочитај 21 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Конечно достапна виртуелна реалност, Facebook најавува уред за 200 долари

Facebook работи на самостоен уред за виртуелна реалност кој ќе биде многу подостапен од сегашните уреди. Компанијата новиот уред ќе започне да го продава во 2018 година за околу 200 долари, велат извори од Facebook за Bloomberg. Според најавата, за 200 долари купувачот ќе добие самостоен уред кој нема подреба од приклучување на компјутер или […]

0 коментари Прочитај 21 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Хардвер

Со Prinker секој може да направи сопствена времена тетоважа

Prinker е спој на рачен принтер и апликација кој овозможува дизајнирање и цртање на привремени тетоважи. Корисникот со помош на апликација одбира или креира слика и потоа истата преку принтерот ја префрла на своето тело. Процесот е брз, забавен и сосем безбеден, а тетоважите се привремени.

0 коментари Прочитај 21 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Microsoft го претстави својот прв паметен термостат

Microsoft  го претстави својот прв паметен термостат. GLAS е изработен во соработка со Johnson Controls, кој со оглед на тоа дека е креатор и на првиот електричен термостат има значитело искуство во оваа гранка. Ова е еден од првите уреди кои доаѓаат со Windows 10 IoT Core оперативен систем. Ова секако подразбира дека уредот доаѓа со […]

0 коментари Прочитај 21 јули, 2017
Мени
Заедница
Изглед