Борба за секој гледач, NBC има редакција за Snapchat

Телевизиската куќа NBC во потрага по помлада публика креираше тим од 30 члена кои креираат содржини за Snapchat.

Snap склучи договори со повеќе медиуми кои креираат содржина за платформата. Со ова Snap може да ги задржи медиумите на својата платформа, а телевизиите ќе се обидат преку поприфатлива платформа кај младите да ги привлечат до своите содржини. Дел од младата публика не гледа телевизија и не чита весници, па со ова NBC, но и другите издавачи сакаат да ги „приберат“ младите кај себе.

Редакцијата е составена од нови 30 члена кои се единствено за Snapchat, вели Recode. Кога станува збор за вестите нема компромис, на помладите не им се разводнуваат информациите, ниту им се нудат поинакви вест. Секако на платформата има помалку време, па во понудата се единствено најважните вести од денот.

Заработката од рекламите издавачите и креаторите на содржина ги делат заедно со друштвената мрежа. Snap во 2016 година на своите медиумски партнери им исплатил 58 милиони долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments