0 коментари 2 мин. читање 21 јули, 2017

Galaxy Note 8 доаѓа на 23 август

Samsung ги испрати поканите до медиумите, компанијата најави дека 23 август е дата на која треба да бидете слободни. Без сомневање компанијата ќе го претстави новиот Galaxy Note 8.

Дури ни поканата не остава премногу на фантазијта. Пораката „Прави поголеми работи“ и синото пенкало во анимираната слика секако нема да ве потсетат на премногу други работи. Без сомневање хардверот на телефонот ќе биде најдобриот што е достапен на пазарот. Шпекулациите велат: 6.3-инчен Super AMOLED дисплеј; 6GB RAM; Exynos 8895 или Qualcomm Snapdragon 835 процесор; дуал 12-мегапиксели задна камера, и 3,300 mAh батерија заедно со заштитниот знак, електронското пенкалото S Pen. За точните податоци ќе почекаме до 23 август.

Оваа година компанијата ќе биде пред посериозен предизвик со Note уредите. Samsung никогаш не потфрлил кога хардверот на Note телефоните е во прашање, но последнот уред доживеа фијаско. Батеријата на телефонот се палеше при полнење. Проблемот стана дури и поголем кога и поправените уреди останаа опасни. На крајот компанијата ги повлече телефоните, за оваа година да ги врати во продажба ребрендирани и со заменети батерии.

Дали компанијата ќе успее да ги убеди корисниците да го купат новиот уред? Со оглед на тоа дека дел од корисницните не сакаа да го вратат претходниот телефон кој беше опасен, Samsung нема да има проблем да гу убеди фановите дека Note се враќа.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top