Гејминг новости од минатата недела #39

Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, триесет и деветто издание.

NBC (Left Field) ја искористи Minecraft играта за да објасни кој ја поседува месечината. Во видеото наидувате на илустрации и анимации целосно изработени во Minecraft. Претставник од Microsoft изјави дека тие немале ништо со ова, но дека научиле нешто ново за месечината денеска. Научете и вие!

Според најновото видео за Doomfist, играта Overwatch би можела да добие нови изгледи за оружја, нешто што моментно не е можно бидејќи изгледите на оружјата целосно се врзани за изгледите на ликовите.

И кога сме на истиот издавачки фронт, Blizzard изјавија дека новиот херој за нивната игра Heroes of the Storm, ќе дојде од Mists of Pandaria. Негативецот Garrosh Hellscream, синот на Grommash Hellscream и претходниот поглавица на Warsong кланот по прв пат ќе се појави на 31.јули

Мрежната игра, Mirage: Arcane Warfare се поднови со ново, бесплатно надополнување кое воведува нови мапи и, на ничие изненадување, ботови за самостојно играње. Крвавите дигитални пресметки официјално се селат на две нови арени, моќниот нов меч припаѓа во рацете на Taurant класата, а нови магии го прошируваат репетоарот од убиствени способности.

Just Cause 3  режимот за повеќе играчи нападна на Steam и им овозможува на играчите да се вовлечат во заеднички и подеднакво хаотични дружби. Тимот ветува и понатамошна работа и усовршување на модот.

Расел Броуер, еден од музичките композитори зад кој стои скоро секоја игра на Blizzard е отпуштен од функцијата аудио режисер и композитор, но би можел да продолжи да работи понатаму за истата компанија како хонорарец. Елиминирање на неговата позиција се јавува поради „децентрализација на аудио одделот“.

Во случај да ви се допаѓаат игрите како SimCity и Cities: Skylines, тогаш Kingdoms and Castles е игра само за вас. Сместена во средновековен период, играта ви дозволува да градите и одржувате град, но со земање во предвид и tower defense елементи.

Најновиот трејлер за Rogue Trooper Redux прави одлична работа во споредување на графиката од старата игра со новата. Rebellion планира застарениот хит, од 2016 година, да го реинкарнира и овозможи за широка конзумација од 17.октомври, по цена од 25 евра.

Во меѓувреме, се појави и нов трејлер за Call of Duty: WWII, поточно за саканиот мод со нацистички зомби чудовишта. За разлика од претходните игри, овој трејлер делува значително помрачно и, ако ништо друго, ветува застрашувачки пристап фокусиран на хоророт со ист интензитет како кон FPS елементите.

Доколку сакате бесплатно да проверите одредени игри, првин почастете се со Shadow Warrior Special Edition, феноменална игра која е целосно бесплатна на Humble Bundle, а потоа преверете ги потенцијалите на отворената бета за Citadel: Forged With Firе. Во моментот кога ќе го направите тоа, не заборавајте дека и најновата DOOM е бесплатна за играње викендов, а доколку ја купите играта, која е на попуст, сите додатоци за мрежниот дел се бесплатни.

Path of Exile: The Fall of Oriath е најновата експанзија која треба да се појави на 4.август. Територијално, играта е двојно поголема и се одликува со шест поглавја. Доколку го купите Supporter пакет, во проширувањето можете веднаш да уживате.

Во други вести, The Pyre излегува за недела дена и, во чест на тоа, објави уште еден трејлер. World of Warcraft, StarCraft II, Diablo III, Hearthstone и Heroes of the Storm нема да бидат подржувани на Windows XP и Windows Vista од наредната година, хорор играта Darkwood излегува во август и има нов трејлер, Destiny 2 потврди дека има модови за оружја и оклопи, а Ерин Флин го напушти BioWare, за да биде заменет со Кејси Хадсон.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments