Гиковите vs. хотелиерите: Платформа за бесплатно сместување за Супер Куп

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Веб, ИТ.МК

Image Courtesy of UEFA

Кога во едно општество етичките и моралните граници и општо прифатливи бизнис пракси ќе бидат засенети од желбата за профитерство,  скоро секогаш гиковите пронаоѓаат начин да понудат нешто поинакво и да направат реален обид за обелување на образот на општеството. Така беше и со #поплава, така е и сега со срамот кој хотелиерите го нанесоа во пресрет на претстојниот UEFA Super Cup.

Па така, група ентузијасти, обединети во WeTalkIT заедница, создадоа веб платформа каде што навивачите ќе можат да се сместат за време на супер купот, бесплатно. Платформата се вика SuperCupSkopje.com, и функционира со тоа што секој може да понуди сместување/кревет на некој од фановите преку едноставно логирање и објавување на детали за сместувањето.

Гостите, преку логирање со својот Facebook профил и праќање на и-мејл порака директно ќе ги контактираат  домаќините, по што тие ќе одлучат дали ќе ги прифатат гостите или не.

Ве повикуваме да се приклучите на иницијативата, за да ја поправиме сликата за Скопје и заедно да овозможиме бесплатно сместување на некој од фудбалските фанови. – велат креаторите на платформата.

Повеќе на SuperCupSkopje.com 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Lidija Stojanovich
Lidija Stojanovich
6 years ago

Eve da iskomentirami jas nekogas.Otvorete na booking kolku cini najeftino smestuvanje vo Amsterdam na primer ,denes barav smestuvanje za oktomvri.Pa utvrdete dali treba nekoj da se smesti besplatno vo Skopje ?Dali mislite deka nekoj vas ke ve smesti besplatno vo Evropa?Koj ne ziveel tamu samo moze da se zanesuva .
Pozdrav