Норвешка ќе гради автономни бродови

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Беспилотните летала и автономните возила веќе се на пат да станат реалност. Две норвешки компании работат на технологија која ќе ги овозможи првите автономни бродови. Доколку успеат, транспортните автономни бродови би можеле да имаат поголемо влијание и од авионите и од возилата.

Yara Birkeland најавува дека во 2018 година ќе започнат со првите тестови на својот брод. Првиот транспорт на бродот со простор за 100 контејнери е на ѓубриво по траса долга 60 километри. Бродот е опремен со радар, камери, сензори, GPS и може автономно да избегнува други бродови или да вплови во пристаниште, јави Wall Street Journal.

Бродот го развиваат Yara International ASA и Kongsberg Gruppen. Автономното патување и повеќе сензори значи дека бродот е поскап. Цената потребна за градење од 25 милиони долари покажува дека е 3 пати поскап од стандардните бродови. Благодарение на ниските оперативни трошоци на подолг период можеби автономниот брод ќе биде поисплатлив.

Но, иако ова звучи одлично сепак е тешко да се оствари во блиска иднина. Правната рамка за автономни пловила нема да биде донесена пред 2020 година, а тука има и низа други предизвици.

Високата цена на бродовите е проблем. За бродови кои превезуваат стока на кратки растојанија ова е и најголемиот проблем. Сепак големите прекуокеански бродови доаѓаат со сосем други предизвици, цента која и онака е превисока, расте дополнително поради потребата за поголема доверливост на бродовите. Прекуокеанските бродови мора да бидат поиздржливи бидејќи ако се расипуват на сред пат, обезбедувањето на сервис е проблематично и скапо.

Поради ова, експертите сметаат дека во прво време е можно овие бродови да се користат на куси растојанија. Сепак, како што напредува технологијата и бродовите ќе патуваат на подолги растојанија.

Главен конкурент на Норвежаните е Rolls-Royce кој својот брод го најави за 2020 година. Дополнително, тука се и ентузијастите кои често ги имаат најдобрите идеи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments