Достапна LinkedIn апликацијата за Android
Бизнис мрежата ја претстави својата официјална LinkedIn апликација за Android, која веќе некое време беше во бета фаза.
Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.
Бизнис мрежата ја претстави својата официјална LinkedIn апликација за Android, која веќе некое време беше во бета фаза.
Не веруваме дека во решението 'еден број им одговара на сите', вели креаторот на Android и потпретседател на инжинерството во Google, Анди Рубин во блог пост демантирајќи ги извештаите дека Android станува затворена платформа или дека се бара стандардизација на уредите.
Се појавија нови слики од Music Player 3.0 апликацијата за Android која има опции за стримање музика, односно сугерираат на најавеното, но се-уште-не-стартуваното музичко „шкафче“ во облакот кое ќе се стрима директно преку телефонот. Сликите беа овјавени од Tech From 10, кои сега се офлајн, а се откриени при стартување на новата тест верзијата на Android Market кој ја содржеше и Music апликацијата.
Apple App Store се уште е на врвот со над 350.000 апликации, следен од Android Market со над 150.000 апликации додека другите продавници за HP webOS, Blackberry, Ovi Store, Windows Phone, Amazon Android Appstore заостануваат со по меѓу 5.000 до 35.000. Можеби малку поистакнати се Get Jar, со над 80.000, односно Pocket Gear и слични продавници, со над 140.000 апликации, кои ги покриваат сите мобилни платформи.
Што ќе ново кај iPhone 5? Нов дизајн, поголем екран, ќе го нема home копчето, подобра камера, плаќање преку мобилен, физичка тастатура, бели модели со 64 GB простор, A5 процесор... има еден куп шпекулации и гласини кои сите се вклопени во еден одличен инфографик на NoWhereElse.fr.
Како што е сега, македонските корисници не можат да купуваат Android апликации, имаат пристап само до бесплатните, бидејќи Google вели дека е потребно да се постави локална поддршка за корисниците да купуваат и девелоперите да продаваат апликации.
По Аpple и Google, сега и Microsoft се вклучи во плановите да се овозможат мобилните плаќања, пишува Bloomberg.
Android e убедливо омилен мобилен оперативен систем на македонските корисници, со 117 гласови, скоро двојно повеќе од вториот iOS, оперативниот систем за iPhone, кој има 65 гласа, покажува Facebook анкетата на Vip, стартувана во вторникот на нивниот профил.
Тоа што се предпоставува дека Symbian ќе падне до 0,2% во 2015-та не е воопшто изненадувачко бидејќи Nokia веќе најави дека од 2012 нема да произведува Symbian телефони, но според истражувањето на IDC се претпоставува дека Windows Phone 7 ќе завземе дури 20.9% од вкупниот пазар. Ова можеби звучи малку нереални од сегашнава гледна точка, земајќи в обзир дека Windows Phone е нова платформа со мал удел во пазарот и со малку апликации. Сигурно дека на Windows Phone 7 му помага тоа што Microsoft е во партнерство со Nokia, но сеуште нема некои многу поволни услови за толку стабилен раст.
Достапна е официјалната Firefox 4 Мобиле верзија за Android и Maemo телефоните. Една од поважните новини во Firefox 4 Mobile има опција за синхронизација на сите букмаркови, историја на пребарувањето, лозинки и дури и отворени табови со десктоп прелистувачот.
Vimeo, популарниот сервис за споделување видеа, отсега има и своја официјалнаiPhone апликација. Апликацијата е достапна и бесплатна и може да се симне на iPhone 3G или пак на iPhone 4 со iOS 4.0 или понова верзија.
Интернет гигантот заeдно со MasterCard и Citigroup работи на технологија за Android уредите со која корисниците ќе можат да купуваат само со ставање на мобилниот телефон пред мал читач на касите.
Firefox 4 донесе многу поделени мислења во однос на драстично променетиот интерфејс. На многумина им се допаѓа, но повеќето мислат дека е едноставно „чекор назад“. Тоа може да се види од оваа активна тема на форумот, а и низ мрежата се шират побарувања за хакови кои ќе им помогнат на корисниците кои си го сакаат стариот интерфејс да ја добијат пак таа функционалност.
Аndroid Developers најавија дека од следната недела ќе може да има наплаќања од внатре во апликациите.
Android, мобилнот оперативниот систем е со отворен код, секој програмер и производител на мобилни уреди може да го искористи за свои потреби, да го модифицира.
Color е нова апликација за iPhone и Android за брзо, мобилно и јавно споделување фотографии и видео. Покрај споделувањето фотографии и видео, една од опциите е што Color сам избира кои фотографии ќе ви ги прикаже зависно од локацијата на која сте.
<Надополнето > Apple после бурната реакција на интернет, вчера вечер ја отстрани апликацијата, се уште не давајќи официјална изјава или пак објаснување. Ако сега го пребарате низ App Store името Exodus Internacional, нема да добиете никаков резултат. Исто така, тоа може и да се потврди од твитот на предсетадателот на христијанското здружение.
Amazon ја стартуваше својата - App Store for Android - продавница за мобилни апликации, кој за разлика од официјалниот Android Marketplace има построги правила и се одобруваат апликации. За жал продавницата не е достапна за .мк корисниците. Може да се инсталира, но не и преку неа да се симнуваат апликации.
Оpera ги претстави своите нови Mini 6 и Mobile 11 прелистувачи за мобилните телефони и таблет компјутери. Mini, кој ги компресира страните за да добие на брзина, е наменет за телефоните од постарата генерација кои работат на разни платформи, пример J2ME, додека Mobile 11 е наменета за помоќните мобилни уреди и таблет компјутери.
Facebook го купи Snaptu, сервис кој ќе им овозможи и на корисниците кои немаат паметни телефони да пристапуваат кон Facebook. Ова е трет потег на Facebook кон мобилната технологија, после маркетинг стартапот Rel8tion и апликацијата за групно праќање пораки Beluga.