5 коментари 2 мин. читање

Firefox 4, пофалбите, критиките и кул совети…

LifeHacker направија една мала колекција на потенцијални иритирачки моменти од новиот интерфејс, и ние се одлучивме да ја споделиме.

Многумина имаат проблем со рендерирање на фонтовите. Ако ви се „замачкани“ буквите, симнете го Anti-Aliasing Tuner додатокот преку кој ќе можете да овозможите ClearType рендерирање, што би требало да ви го реши проблемот.

Највпечатливата промена секако е промената на локацијата на табовите, од под URL барот, над него. За да го промените ова одете во Options > Tabs on Top, и одштиклирајте го тоа поле.

Веројатно во интерес на трендот за минимизирање на околината, reload копчето на Firefox сега се наоѓа во URL барот. Ова не е можно да не му засмета на некој долгогодишен корисник на прелистувачи, како пример ќе ја земам мојата неснадливост предмалку, па користев F5 кратенка. Одете во Options > Toolbar Layout и ќе можете да ја промените локацијата на копчето.

Очигледно е колку е непотребен Google search барот на десната страна на URL барот, кога пребарувањето е вградено. За да го промените, искоритете ја истата финта како и со reload копчето, односно одете Options > Toolbar Layout и влечете го непосакуваниот бар во Customize прозорчето.

Исто така, чест проблем е и барот на дното на прелистувачот кој ги прикажува додатоците. Ако немате никави, нема да го гледате, но ако имате инсталирано некаков додаток кој по зададено (default) има сетирано да стои во барот, ќе се појави. За да го отстраните одете Options > Add-On Bar и одштиклирајте ја таа опција. Или пак, за стариот статус бар симнете го Status-4-Evar додатокот.

Ова е уште еден доказ дека луѓето, посебно долгогодишните корисници не ги сакаат многу промените во интерфејсот. Како и да е, мора на некој начин мрежата да оди напред, а корисниците да се приклучат. А дотогаш, имаме хакови кои ќе ни ги олеснат маките на прилагодување :).

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top