ИТ.МК

3.903 написи

Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за ИТ.МК. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи ИТ.МК

Google и Facebook најавуваат крај за сајтовите кои дезинформираат

Историскиот успех за кој пишувавме пред некој ден се остварува. Двете најголеми компании, Facebook и Google, кои се инволвирани во шпекулациите дека нивните платформи биле затруени со лажни вести кои влијаеле на изборите во САД, најавуваат драстични промени. Google и Facebook ветуваат дека ќе стават крај на страниците кои дезинформираат и шират разни шпекулации, теории […]

1 коментар Прочитај 15 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Хардвер

Македонски Телеком ви нуди можност да го тестирате HTC Vive

Денеска, во просториите на Иновативниот центар на Телеком, новинари од неколку медиуми, по претходна покана од Македонски Телеком имаа можност да го тестираат уредот за виртуелна реалност на HTC, Vive. HTC Vive нуди комплетна опрема за виртуелна реалност, која вклучува сет од две безжични контролни палки, собни сензори за движење и визир (кацига) со вградена […]

2 коментари Прочитај 14 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски гејминг ИТ.МК

Погледнете го новиот трејлер за македонската хорор игра Wounded

Хорор играта на македонското студио за видеоигри Workbench Entertainment, Wounded има нов трејлер. Можеби поважно, по неуспехот на „crowdfunding“ проектот се загриживме дека играта е откажана, но Wounded не само што продолжува, туку излегува на првата половина на 2017. Повеќе податоци за Wounded на facebook-страницата или на нивниот YouTube канал.

0 коментари Прочитај 11 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Друштвени мрежи

Марк Закерберг: Идејата дека лажните вести на Facebook влијаеле на изборите е луда

Тие што мислат дека лажните вести на Facebook се причината зошто некој гласал за Трамп покажуваат значителен недостиг на емпатија и не успеваат да ја разберат пораката на новоизбраниот претседател, вели основачот на друштвената мрежа Facebook, Марк Закерберг на сцената на конференцијата Techonomy. Тој ја негира приказната дека лажните вести за изборите и претседателските кандидати […]

3 коментари Прочитај 11 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Друштвени мрежи

Историски успех! Македонците конечно со придонес кон подобрување на интернетот

Статијата објавена на Buzzfeed пред неколку дена, во која авторите Крег Силверман и Лоренс Александар говорат за група млади луѓе од Македонија кои шират дезинформации за Трамп, беше скоро цел ден на насловната страна на нивниот медиум, кој важи за еден од најпосетуваните сајтови во светот. Од вчера, приказната за е-печалбарите кои не познаваат граници, […]

11 коментари Прочитај 10 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

ИТ настан: IT4charity – хуманитарен настан организиран од ИТ секторот

ИТ секторот во Македонија под име “IT4Charity”, го најавува својот прв хуманитарен музички настан, кој ќе се одржи на 16-ти ноември во  клубот „XO Club“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот. Влезот е слободен за сите хумани граѓани кои сакаат да дадат свој придонес за повисока општествена цел и да им помогнат на оние […]

0 коментари Прочитај 10 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

ИТ настан: Каква е иднинaта на агро-бизнисот? Дали ИКТ може да им помогне на земјоделците

Овој месец на 23 и 24 ноември ќе се одржи втората конференција за соработка на информатичката технологија и агро-бизнисот.  Идејата се разбира е да се најде начин како земјоделците да го модернизираат бизнисот. Девелоперите се надеваат дека ќе можат да им помогнат на компаниите и да излезат со решенија кои ќе им помогнат на земјоделците. […]

0 коментари Прочитај 10 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Статии

Преку работилницата Фонтој-Монтој, создадени два уникатни битолски фонтови

Aloti_B и Aloti_M се имињата на двата нови фонта, создадени за време на работилницата Фонтој-Монтој, во која учествуваа креативци од Битола предводени од македонскиот виртуоз за типографија г-дин Ласко Џуровски, кој има придонесено многу за развој на македонската типографија. Идејата на типографската работилницата Фонтој-Монтој беше да направиме Битолски фонт и по повод 1000 годишнината (2016-2017 г.) од […]

0 коментари Прочитај 10 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Хак-атак/Приватност

Петмина осомничени за скимирање на платежни картички

Пет државјани на Македонија од Битола и Прилеп се осoмничени за изработка и употреба на лажна платежна картичка и злосторничко здружување. Обвиненијата против петмината се: перење пари и други приноси од казниво дело; изработка и употреба на лажна платежна картичка; злосторничко здружување. „Осомничените скимирале платежни картички на банкомати, односно вградувале апарати за читање на податоци што […]

0 коментари Прочитај 10 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски гејминг ИТ.МК

GG.MK S03E04: Гораст, Данко, Бобо + Наум за Blizzcon 2016

Секогаш актуелни GG.MK овојпат мораа да го претстават Blizzcon 2016. Секако епизодата не може да помине без игри: Mass Effect: Andromeda, Division, Darkest Dungeon се дел од оваа епизода. Ако ја изгледате епизодата ќе дознаете која игра ги заслужува вашите 60 евра: Call of Duty, Infinite Warefare, Overwatch или Titanfall 2…

0 коментари Прочитај 8 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб ИТ.МК

ИТ настан: Sinister Days – онлајн натпревар за најдобра хорор фотографија

Доколку го сакате хорор жанрот, имате слободно време и апарат или мобилен со добра камера, тогаш Sinister Days III е натпревар токму за вас. Дечките од RevoShot.com, Ерина, Димитар и Јане, по трет пат го организираат онлајн натпреварот за најдобра хорор фотографија. Фотографиите може да се испраќаат до 18-ти ноември преку пополнување на сите полиња […]

0 коментари Прочитај 8 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

Хелсиншки комитет ги повикува креаторите на видеоигри, со гејминг до подигање на свеста

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, ги повикува сите девелопери да креираат видеоигри. Повикот е за две видеоигри за млади на возраст од 10 до 15 години. Игрите се дел од проектот „Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и различности”. Видеоигрите треба да ги отсликуваат сите вредности зад кои […]

1 коментар Прочитај 8 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Интервјуа ИТ.МК

Наскоро ќе може да резервирате маса со Резервирај.мк

SolutionBit е македонски стартап кој наскоро ќе го претстави своето решение за резервација на место во локалите, Резервирај.мк. Христиан Илиоски, Васко Теохаров, Никола Кусибојовски и Симеон Здравески се ко-основачи на стартапот кој постои нешто повеќе од 4 месеци. „Резервирај.мк е онлајн платформа за правење на резервации за настани во локали. Клиентите ќе можат на лесен […]

2 коментари Прочитај 7 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб ИТ.МК

Помогнете им на локалните власти за подобра општина со „Идеи за Центар“

Сајт наменет за прибирање на идеи од граѓаните од страна на општината во која што живеат тешко дека ќе биде револуционерен напредок во 2016 година споредбено со светските трендови. Но, сепак вебсајтот „Идеи за Центар“ е токму тоа во нашето општество; можност за сите да придонесат со идеи за подобро место за живот или престој. […]

0 коментари Прочитај 5 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Друштвени мрежи

Македонци, со цел печалка, повторно лидери во ширењето дезинформации за Трамп

Тешко дека некој веруваше дека на помалку од пет дена до претседателските избори во САД, Македонија ќе биде барем малку во фокусот на американските медиуми. Сепак истите портали од кампањата за кандидатурата на Трамп во Републиканската партија, повторно се актуелни. Над 100 веб-страници кои изразуваат поддршка за Трамп „оперираат“ од Македонија, поточно од Велес, јави […]

5 коментари Прочитај 4 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Вести

Нова ТВ и МОСТ издадоа алатка за новинари, GetData

GetData е алатка која треба да им помогне на новинарите полесно да пронајдат податоци за сториите кои ги работат. GetData најмногу ќе им помогне на новинарите од областа на истражувачкото новинарство кои работат на приказни за корупција, но секако ќе им биде од корист и во друга пригода. Целта на алатката е да се обезбеди […]

0 коментари Прочитај 4 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Свет

ИТ настан: Проследете го TEDxCERN во живо

Во сабота, на 5 ноември не очекува нов TEDx настан. Овојпат говорите нема да бидат во живо, туку ќе бидат пренесувани од настанот TEDxCERN. Тема на конференцијата е „Ripples of Curiosity“, а преносот ќе биде овозможен од TEDxSeptemvriskaSesijaSalon. „Настанот ќе биде проследен во живо, на англиски јазик, симултано на повеќе од 40 локации ширум целиот свет, […]

0 коментари Прочитај 3 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Совети

ИТ настан: Нов натпревар на Solveo, помогнете на My Great Recipes да го освои пазарот

Македонскиот стартап Solveo во соработка со doxTeam објавува нов натпревар за идеи. Платформата на шведската компанија IMP Digital, My Great Recipes, сака да го освои пазарот за рецепти за готвење. Учесниците во овој проект треба да креираат кампања за да го остварат ова. My Great Recipes веќе има над 100.000 корисници. На платформата корисниците можат да ги зачувуваат […]

0 коментари Прочитај 1 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано ИТ.МК Мобилни

Letz.do – една недела по лансирањето

Една недела по лансирањето на апликацијата за продуктивност Letz, тимот објави краток инфографик со статистика за како поминала првата недела. Според инфографикот, апликацијата ја користат скоро 5.200 корисници кои размениле 46.854 пораки со виртуелната асистентка Луси и создале над 13.000 потсетници. Дел од корисниците кои ја користат апликација го споделиле и своето мислење за истата преку рејтинг […]

2 коментари Прочитај 31 октомври, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Совети

Гејмерски столици, луксуз или неопходност?

Столчињата кои ги користиме додека работиме или играме на компјутер, најчесто не ги сметаме за премногу важни додека немаме некој проблем поврзан со телото. Продолженото седење може да предизвика сериозни проблеми на грбот, па иако столицата е ергономична сепак мора да се станува од неа на одредени интервали. Доколку седите повеќе од шест часа во […]

0 коментари Прочитај 31 октомври, 2016
Мени
Заедница
Изглед