Статијата објавена на Buzzfeed пред неколку дена, во која авторите Крег Силверман и Лоренс Александар говорат за група млади луѓе од Македонија кои шират дезинформации за Трамп, беше скоро цел ден на насловната страна на нивниот медиум, кој важи за еден од најпосетуваните сајтови во светот. Од вчера, приказната за е-печалбарите кои не познаваат граници, е дополнета со нова статија на истиот медиум и од истите автори, насловена „Како македонските спамери користат Facebook групи да ви споделат лажни информации“.
За оние што сеуште се збунети од што е она што се случува на темава, да појасниме… според наши извори веќе неколку години по ред, група Македонци, претежно во Велес, Скопје и Куманово, работат на сајтови на кои објавуваат информации на одредена тема – коли, политика, здрава исхрана, спорт и слично, на кои што сетираат реклами од рекламни мрежи како AdSense и привлекуваат посети на нив на секој можен начин – воглавно преку Facebook Ads, лажни профили на Facebook кои постираат по групи, плаќање на објави на тематски и веќе постоечки Facebook страни кои имаат голем број на лајкови и… што ти уште не. Концептот би бил во ред доколку информациите што воглавно овие луѓе ги споделуваат би биле проверени и не clickbait, и не би се користеле спамерски тактики за добивање на посети, но во трката за заработка – времето е пари.
Како заработуваат?
Со секој клик кој ќе го добијат на рекламите поставени на сајтот, зависно од тоа кој клика и колку е тој таргетиран од страна на Google, како и што прави по кликнувањето, објавувачот на содржина добива одреден процент од кликот кој Google го наплаќа преку нивната платформа AdWords. Американците се најдобриот пазар бидејќи се навикнати да кликаат на овие реклами, а и огласувачите се претежно американски компании кои инвестираат во реклами. Па така, трката е да се добијат што е можно повеќе кликови. Како? Не е важно. Откако ќе се добијат кликовите, Google и другите мрежи им исплаќаат на месечно ниво преку банкарски трансфер. Во минатото, се праќаа чекови, но сега трансферот е едноставен.
Според информациите со кои што располагаме, некои е-печалбари кои подетално ја развиле шемата, заработуваат и по неколку илјадници евра месечно кои потоа дел од тие пари пак ги реинвестираат, додека други очајно инвестираат и немаат никаков придонес, дали заради грешки во чекори или пак едноставно немање среќа или пак заради недоволен труд, бидејќи ова сепак е тешка работа која бара време и конзистентност. Во почетоците потребно е да се вложи и да се соберат лајкови, па така многу од тие што први почнале им наплаќаат и на сите други кои сакаат да се приклучат во шемата, објавувајќи ги на нивните групи кои веќе имаат голем број лајкови.
Во статијата во британскиот Guardian, кој исто така ја третираше темата, Македонец кој сакал да остане анонимен и е со псевдоним Алекс, им раскажал и дека тој бил еден од првите кој почнал да пишува на тема политика во САД и да води ваков онлајн медиум, кој потоа бил копиран од неговите соседи со идеја да капитализираат на темата Доналд Трамп. Според Алекс, неговиот сајт добивал повеќе од 1 милион посети на месец, а половина од нив биле од неговата Facebook страна.
„Ние сме независен магазин за вести со примарна цел да влијаеме на американската политика“ говори Алекс за Guardian, чиј избор за претседател во САД бил Тед Круз од Републиканската партија. „Но потоа, моите сограѓани видеа што правам и почнаа да ја копираат мојата работа. Тие гледаат само да заработат пари преку рекламни мрежи“ – додава тој. Во истата статија тој признава дека започнал со копирање и практично крадење на содржини од легитимни американски медиуми а потоа најмил луѓе да му пишуваат.
Смешно е да се верува во тоа дека овие луѓе водат легитимни медиуми и покрај тоа што на дневно ниво сериозните инвестираат повеќе од 8 работни часа, бидејќи страните што ние ги анализиравме (над 300 кои ги пронајдовме), а се дел од оваа шема го следат истиот концепт – инсталирање темплејт без никакви посебни подесувања ниту пак информација кој стои зад сајтот, крадење содржини (оние кои малку повеќе ќе навлезат преведуваат од македонски на англиски или пак минимално ги изменуваат) и комплетно спамирање на Facebook во секоја можна форма – преку групи, реклами, страни, приватни профили, лажни приватни профили и сл. Чести пракси се правење на групи кои се од општествен интерес или бараат или изразуваат поддршка, па откако ќе се стекне голем број на фанови, да се промени името на групата и да се користи за спамирање со линкови до содржина која содржи реклами. Се оди до таму дури и да се купуваат и нудат понуди за страни кои имаат голем број на лајкови, па така Daily Dot дури има и статија од август, насловена „Како спамери за малку ќе ја уништеа најголемата meme Facebook страна за Simpsons“ во која што има и слики од размена на пораки со извесен Александар Р. и Валентина Д. во кои тие му нудат пари на креаторот на групата за да ја откупат.
„Овие искористувачи ќе направат било што за да заработат пари.“, вели Сара Томсон, Американка која е цитирана во текстот на Buzzfeed, која откако забележала зголемен интерес и чудни постови во групата за коњи, започнала истражувања и открила стотици лажни Facebook профили кои промовираат сајтови кои преку Whois проверка се прикажува дека се регистрирани во Велес и други градови од Македонија. „Приказната тука не е политиката, ниту изборите, туку како Facebook е изигран“, додава таа.
Тие што се во интернет маркетинг индустријата подолго време, знаат дека ваквите начини за заработка не се ништо ново и постојат со години. Исто ако добро размислите, ќе ви текне колку пати сте добиле е-маил во кој се тврди дека некој има наследство и му треба нешто ситно кеш за да добиете милиони. Епа ако тој пазар им припаѓа на е-маил спамерите од Нигерија, се чини дека пазарот на спамирање преку Facebook сега и припаѓа на Македонија, иако ако зборуваме најреално, Македонците не се ниту првите ниту последните што го прават ова.
Реален придонес кон подобрување на интернетот
Ако погледнеме малку пооптимистички во сето ова, односно дека „Facebook групата е половина полна со реални лајкови“, ќе забележиме дека Македонци ќе го подобрат, барем делумно, интернетот! Сосема случајно. :)
Откако Buzzfeed ја објави приказната и голем број на медиуми ја пренесоа, истата несомнено ќе биде детално прочешлана од Facebook, бидејќи друштвената мрежа е во очајна фаза да го задржи вниманието на своите корисници нудејќи им подобар квалитет и содржина во News feed-от, а ваквите дејствија од страна на македонските е-печалбари им го отежнуваат процесот. Па така, Македонија е спомената и во денешната статија на TechCrunch насловена „Facebook признава дека мора да направи повеќе да спречи ширење на дезинформации на својата платформа“.
TechCrunch ги контактирале Facebook, и покрај другите прашања, го поставиле и конкретното:
– Дали Facebook има конкретен одговор на истражувањето на Buzzfeed за сајтови во Македонија кои се користат да генерираат голем број на лажни вести кои се пласираат во News feed-ot?
На ова, како и другите одговори, од друштвената мрежа политички одговориле:
„Ние во Facebook го третираме дезинформирањето многу сериозно. Цениме автентична комуникација и слушаме постојано од тие што го користат Facebook дека тие не сакаат да гледаат дезинформации. Во news feed-от користиме разни сигнали кои се базираат на фидбек од заедницата за да оцениме кои постови имаат веројатност да содржат неточна информација, и ја намалуваме нивната дистрибуција. Во Trending гледаме во неколку сигнали да се осигураме дека темите кои ги промовираме пресликуваат вистински настани , и преземаме дополнителни чекори во спречување на дезинформирањето. И покрај овие пракси, јасно ни е дека имаме уште многу работи да средиме, и затоа е важно да го подобриме начинот на кој откриваме дезинформации. Работиме на решавање на овој проблем и подобрување на искуството на платформата.“
Дури и американскиот New York Magazine, преку своите онлајн блогови, директно го поставува прашањето: „Дали Facebook може да го реши својот проблем со македонските лажни вести?“
Се надеваме дека спамерските пракси на овие македонски е-печалбари, покрај лошиот факт што ја ставија Македонија на мапата на глобални спамерски групи, барем ќе допринесат за подобрување на глобалниот алгоритам на Facebook и добивање на подобри информации. Ако од утре забележите подобра содржина во вашиот Facebook news feed, тогаш знаете на кого треба да се заблагодарите. Напред Македонија!
Прочитајте повеќе за актуелни теми околу онлајн заработка:
[…] е сигурно, по главоболките кои македонците му ги зададоа на Facebook пред некоја година со лажните […]
[…] интересот за текстот кој го објавивме вчера, сакаме да потенцираме и дека пред да ги обвините овие […]
[…] Досега, според податоците објавени во датабазата, од најавените 1.891 вработувања од странските инвестиции во ИКТ секторот, остварени се само 560, што не е воопшто мала бројка ако се земе во предвид недостатокот на квалификувана работна сила во информатичката индустрија во Македонија, одливот на професионалците, фриленс работањето како и големиот број домашни и странски компании кои се присутни на пазарот а не се најавени како странски инвестиции. А да не ги заборавиме и е-печалбарите. […]
[…] на потенцијални гласачи на Хилари, како и лажните вести кои проциркулираа низ Фејсбук играа важна улога за овој резултат. Во споредба со […]
[…] за ширење на лажни вести на платформата, случај во кој Велес ја игра главната улога. Друштвената мрежа ги орфрли обвинувањата и објасни […]
[…] Историски успех! Македонците конечно со придонес кон п… […]
[…] Историски успех! Македонците конечно со придонес кон п… […]
[…] успех за кој пишувавме пред некој ден се остварува. Двете најголеми компании, Facebook и Google, кои […]
[…] интересот за текстот кој го објавивме вчера, сакаме да потенцираме и дека пред да ги обвините овие […]
I love the smell of butthurt in the morning…
Дечки, видете вака: Доналд Трамп е Претседател на САД.
Deal with it.
Вакви шокови се случуваат поради тоа што не сте се ни обиделе да размислувате со своја глава,
ниту пак сте помислиле да направите свое истражување на политичката ситуација во САД,
кога веќе сакате да коментирате за политика.
Вас ви е доволно што имате соба, во собата има една кутија што зборува и прикажува слика, и на неа има канали со вести,
кои ви кажуваат кој ќе биде следниот претседател.
И потоа, се разбира, шок, неверување, запрепастеност.
Во оваа ситуација, има два типа на луѓе: Thinkers и Agreers.
Вие сте вторите.
Друга работа, премногу сте меланхонични, па дури и љубоморни, а статијава ви е жалосна.
Секоја чест за дечките што нашле начин да заработат, плус, да ја промовираат Македонија.
Чоек ти си толку забеган со перцепција на реалноста што се губиш. Те молам цитирај ми дел од текстот во кој пронајде определба на авторот за претседателските избори во Америка? Авторот едноставно пронашол интересен агол на тематиката, односно дека дечките од Велес биле толку успешни во тоа што го работеле што им истакнале веќе постечки но игнориран проблем на медиумите.