0 коментари 2 мин. читање 1 ноември, 2016

ИТ настан: Нов натпревар на Solveo, помогнете на My Great Recipes да го освои пазарот

Македонскиот стартап Solveo во соработка со doxTeam објавува нов натпревар за идеи. Платформата на шведската компанија IMP Digital, My Great Recipes, сака да го освои пазарот за рецепти за готвење. Учесниците во овој проект треба да креираат кампања за да го остварат ова.

new

My Great Recipes веќе има над 100.000 корисници. На платформата корисниците можат да ги зачувуваат своите рецепти како и да ги споделуваат и пребаруваат рецептите од најразлични извори. Заинтересираните учесници треба да направат план за да ги ангажираат корисниците со содржина; да привлечат нови корисници; и да пронајдат начин за нејзина монетаризација. Главниот фокус на платформата се корисниците од САД, па најголем дел од учесниците ќе требаат да си замислат што би можело да биде мотивација за нив.

Тимовите ќе бидат составени од 4 до 5 учесници. Вообичаено овие проекти на Solveo се фокусирани на здобивање искуство и контакти. Така е и овој пат иако има и парична награда. Предизвикот пред сѐ е отвoрен за студенти кои имаат познавања од: е-бизнис, е-технологии, маркетинг, финансии, менаџмент, дизајн, информатички технологии и психологија.

Иако паричната награда би можела да биде мотивација за дел од учесниците сепак главна мотивација треба да биде искуството и практичната работа на реален проект. Еве зошто Solveo смета дека треба да се пријавите:

  • Искуство при работа на реален проект,
  • Ќе работите со голема интернационална компанија,
  • Вмрежете се со професионалци, компании и студенти,
  • Истакнете се пред потенцијални работодавачи.

Пријавувањето е отворено до 6 ноември, а во потесниот избор ќе влезат 20 натпреварувачи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top