Преку работилницата Фонтој-Монтој, создадени два уникатни битолски фонтови

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК, Статии

Image Courtesy of ARTOAKT - Bitola

Aloti_B и Aloti_M се имињата на двата нови фонта, создадени за време на работилницата Фонтој-Монтој, во која учествуваа креативци од Битола предводени од македонскиот виртуоз за типографија г-дин Ласко Џуровски, кој има придонесено многу за развој на македонската типографија.

Идејата на типографската работилницата Фонтој-Монтој беше да направиме Битолски фонт и по повод 1000 годишнината (2016-2017 г.) од постоењето на името Битола да им го подариме на граѓаните на Битола и Македонија на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. – изјави Ангела Христовска – графички дизајнер и иницијатор на процесот.

Фотографија од работилницата Фонтој-Мојтој (© АРТОАКТ - Битола)

Фотографија од работилницата Фонтој-Мојтој (© АРТОАКТ – Битола)

Работилницата е организирана од страна на Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ и My Creative Team од Битола, како дел од проектот Типокулт, кој е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија. На самата работилница учествуваа дизајнерите: Ангела Христовска, Бојан Дранго, Ѓорѓи Јовчевски, Златко Никодиновски, Игор Доловски, Кети Талевска, Кирил Гагачев и Сања Наумовска.

„Во старата Ески џамија, срушена во 1956 година, е пронајдена камена плоча на која со кирилско уницијално писмо е напишано името Битол. Се претпоставува дека плочата потекнува од катедралната црква на Битолското кале и дека ја поставил внукот на цар Самуил. Археолозите и историчарите се согласуваат дека плочата настанала при обновувањето на битолската тврдина од царот Иван Владислав. Академикот Владимир Мошин ја студирал содржината на текстот и претпоставува дека таа датира од 1016-1017 година. Битолската плоча е натпис во кој Битола се спомнува за прв пат како град. Тоа значи дека Битола е стара над 1000 години. Колку за илустрација Москва е стара околу 800 години, Санкт Петербург околу 300г.“ – раскажуваат во своето соопштение самите организатори.

Фотографија од плочата (© АРТОАКТ - Битола)

Фотографија од плочата (© АРТОАКТ – Битола)

Фонтовите Aloti_B и Aloti_M, се достапни во кирилична и латинична верзија, а се бесплатни за користење. Можат да се преземат во целост од следниов линк.

aloti-fontovi

Дизајнерите информираат и дека фонтот е „жив производ“ кој подлежи на постојани подобрувања и дека во иднина ќе има нови верзии на самите фонтови.

image-1402

Искористувајќи ја креативната енергија за време на создавањето на фонтовите, групата дизајнери во самиот процес на изработка изработиле и постери кои што како што велат се инспирирани од самите фонтови, процесот и креативната енергија, кои во скоро време ќе ги изложат.

Учесниците на работилницата Фонтој-Монтој (© АРТОАКТ - Битола)

Учесниците на работилницата Фонтој-Монтој (© АРТОАКТ – Битола)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk