Една недела по лансирањето на апликацијата за продуктивност Letz, тимот објави краток инфографик со статистика за како поминала првата недела. Според инфографикот, апликацијата ја користат скоро 5.200 корисници кои размениле 46.854 пораки со виртуелната асистентка Луси и создале над 13.000 потсетници.
Дел од корисниците кои ја користат апликација го споделиле и своето мислење за истата преку рејтинг системите, па така, Letz добила оценка од 4.9 од вкупно 305 рецензии.
Како и секое лансирање на продукт, нешто мора да киксне во последен момент… па така, тимот на Letz морал да интервенира и да реши 2 критични багови.
Иако стратегијата за лансирање на тимот им беше да го освојат ProductHunt, ја имаа таа (не)среќа во истиот ден Slack, Google па и самиот ProductHunt да лансираат свои продукти.
Не ја добивте посакуваната прва позиција на Product Hunt? Што значеше тоа за вас?
“Морам да кажам дека минатата недела беше огромен предизвик за сите нас. Едноставно на денот на лансирањето требаше да го покажеме оној финалниот резултат од апликацијата Letz, на која работевме 6 месеци претходно. Сите имавме позитивна трема. Денот на лансирањето беше многу непредвидлив. Се боревме со гигантите како Google, Slack како и самиот Product Hunt кој го пласираше својот продукт тој ден. Целта ни беше да го освоиме првото место. За таа цел се спремавме 2 месеци за денот на лансирање, но ете, не можевме да предвидиме дека токму на тој ден продукти ќе лансираат дури 3 големи играчи. Како и да е, многу сме задоволни од тоа како се пласиравме, со оглед на тоа што бевме во натпревар со споменатите брендови кои постојат на пазарот и имаат огромна база на корисници. Секако, огромна благодарност до сите кои гласаа за нас. Добивме и огромна поддршка од македонските медиуми и инфлуенсери на социјалните мрежи. Тоа нам многу ни значеше и навистина не охрабри да продолжиме со уште поголема енегрија понатаму.” – ни објасни Нино Карас, еден од ко-основачите на апликација.
Како би ги оценил ти резултатите една недела по лансирањето?
Нино: Според нас лансирањето помина супер и покрај тоа што имавме некои непредвидени предизвици. За една недела веќе имаме многу корисници на двете платформи на кои што сме достапни и бројката стабилно расте. Најмногу ни значи тоа што самите корисници имаат бројни пофалби, како и критики и предлози за подобрување на самата апликација. Тоа најмногу ме исполнува мене, а и мојот тим исто така. Letz ја подобрува продуктивноста на корисниците и веќе можеме да се пофалиме со повеќе 15 000 креирани потсетници и над 5000 корисници. Исто така, најголем мотив во оваа прва недела ни е тоа што добивме оценка 4.9 што дава слика за задоволните корисници на Letz. Ова само не мотивира да продолжиме со усовршување на Letz за да добиеме уште повеќе среќни и продуктивни корисници!
Кои се следните планови на Letz?
Нино: Веќе работиме на новите елементи кои ќе ги има Letz во блиска иднина. Ќе продолжиме да ги изненадуваме корисниците со нови вицеви и позитивни гифови кои ги добиваат. Една од поголемите работи кои треба да и се случат на Letz, е достапноста на Facebook. Имаме уште многу многу иновативни елементи, кои сепак би сакал да останат изненадување за корисниците. Сите нови работи кои ќе ги внесеме во Letz, ќе ја одржуваат паралелата на интерактивно и интересно извршување на дневните обрски и на крај, корисниците да уживаат во своите продуктивни денови.
Letz исто така се заблагодари на поддршката на дел од македонските портали и твитерџии и сепак ја оцени неделата како одличен почеток!
[…] по лансирањето на Letz, можат да се видат на овој кул иконографик. Освен првичниот интерес кој Луси го добива од целиот […]
[…] Тимот на Letz активно учествуваше во промовирање на овие награди и повици до сите да гласаат и да им помогнат да го освојат првото место, откако првична стратегија да бидат одбрани за продукт на денот при лансирањето во октомври не им успеа. […]