Foursquare има над 6 милиони корисници
Сервисот за споделување локација
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Друштвени мрежи. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Сервисот за споделување локација
Еден во тринаесет луѓе на планетава користи Facebook, Марк Зукерберг е огромен човек кој јаде луѓе, Google го закопа Wave и сите веднаш заборавија на него, Yahoo! го прекинува Delicious но корисниците сеуште го користат, Apple го објави Ping за кој никој не е заинтересиран, Groupon успева да ги возбуди младите луѓе да користат купони... ова и уште неколку комично прикажани стрипови реализирани од популарниот блог The Oatmeal ја појаснуваат моменталната состојба на интернетот.
Видео спотот, римејк на песната Smooth Criminal од Мајкл Џексон, на хрватските виолончелисти Стјепан Хаусер и Лука Сулуќ стана вистински хит на YouTube. Видеото кое беше постирано пред само неколку дена, односно на 20.01.11, досега доби над 750.000 прегледи и преку 12.000 likes.
Доколку ја користите професионална друштвена мрежа Linkedin, оваа вест ќе ви биде интересна. Компанијата објави алатка, наречена InMaps, со која ќе можете да ги визуелизирате вашите бизнис контакти и да добиете презентација на вашиот професионален свет.
Facebook без некоја најава стартуваше опција коментарите да се прикажуваат во реално време. Коментарите се прикажуваат во стримот за вести или на профилите во момент на објавувањето, без потреба да се кликне Refresh на страната, налик на чет. Овие коментари е сличан со опцијата на FriendFeed друштвената мрежа која Facebook ја купи пред подолго време.
Според грешка во iOS 4.3 Beta 2 која прикажува PHOTOSTREAM_NO_NETWORK_WIFI порака, Gizmodo и 9to5 Mac откриваат дека Apple спрема нов сервис за споделување фотографии со пријателите, налик на споделувањето фотографии на Facebook, кое најверојатно ќе се појави со новиот iPhone 5 и iPad 2.
Сите мои слики што ги чувам, на Фејсбук ги редам тагнувам, само најдобрите ги бирам, на профајл пикчр да ги закачам... ова е текст од нова обработка на песна на Ареа, која е пародија на Facebook.
Друштвената мрежа за околу 6 месеци додаде 100 милиони нови корисници, достигнувајќи ја неверојатната бројка од 600 милиони. Всушност, моментално бројката според статистиката на SocialBackers е 596.372.520 корисници.
Стартувана само пред 40 дена, најновата друштвена игра CityVille на Zynga стана првата Facebook апликација која стигна до 100 милиони месечни играчи. Oва е според статистиката на AllFacebook, додека AppData прикажува бројка од 99.9 милиони играчи, но земајќи в предвид дека играта забележува нови 3-500.000 играчи дневно, тогаш бројката дефинитивно е надмината.
Дел од корисниците приметија дека сега на Facebook од десната страна се прикажува ново поле со „приказни за паметење“ во кое се истакнати некои кориснички статуси, како што е погоре на сликата. На истото место се појавуваат и „фотографии за паметење“ (photo memories).
Откако Weekly World News објави дека основачот на Facebook, Марк Закерберг се изморил и сака да го изгаси Facebook во март, лажната вест се појави на еден куп медиуми правејќи го сето тоа толку спектакуларно да самиот Facebook мораше да коментира на лажната вест и да даде изјава дека „не, нема да се гасиме“.
Претходно се бараше прецизно уредување на сликите за да се хакнат петте фотографии со цел да се добие интересен и креативен Facebook профил, сега тоа може да го направите на поедноставен начин со апликацијата на Schweppes или Profile-Maker.
Преку новогодишниот викенд на друштвената мрежа се закачени рекордни 750 милиони фотографии, вели Facebook во својот твит со линк до вашите фотографии. Овие рекордно закачени фотографии сигурно ќе придонесат да се зголеми статистиката од над 30 милијарди парчиња содржина, како постови, линкови, фотографии, кои се закачени и споделени секој месец на мрежата.
Вредноста на Facebook се проценува на неверојатни 50 милијарда долари по нова инвестиција од 500 милиони долари, пишува New York Times. Друштвената мрежа сега вреди повеќе од eBay и Yahoo, веднаш зад Аmazon и Google.
BBC на македонски објави интересен текст за како 10 отсто од учесници на анкета рекле дека ќе ја слават Нова година на Facebook. Десет отсто од 800.000 корисници значи дека ќе биде добра журка!
Празници се, Нова година, а потоа и Божиќ. Пола Македонија е на Facebook каде ќе се споделуваат честитики, слики и импресии од празниците. Сигурно ова, ќе се согласите, е одлична шанса да го рекламирате својот локален бизнис, продукт или услуга на огромна публика зависно од буџетот.
Друштвената мрежа освен што надмина 500 милиони корисници, можеби е поблиску до 600 милиони, во 2010 ја претстави Social Graph опцијата каде секој сајт со Like копчиња и виџети може да се вклучи во друштвеното споделување. Го претстави и Places, направи редизајн на страните, основачот Закарберг беше прогласен за личност на годината од Time, и низ целата година беше во расправии за пропустите во приватноста. А да, имаше и филм за друштвената мрежа.
Zynga забележува неверојатен успех со својата нова игра CityVillе која ја надмина популарната FarmVille според бројот на играчите. Се чини 16.8 милиони луѓе дневно си градат свој град, наспроти 16.4 милиони фармери, според статистиката на AppData.
На не-толку-официјален #tweetup или собир на твитерџии во Кафе Ли во Скопје, се прогласија неколкуте победници во неколкуте категории на 140.mk Twitter наградите. Сите победници добија симболични награди, кои беа донирани од неколку компании, а „Оскарот“ беше во форма на варено јајце со налепница која ја означуваше категоријата во која победиле.
Некои корисниците на Facebook забележале нов филтер за содржина на својот стрим со вести, пишува Inside Facebook.