Бидејќи Schweppes апликацијата е на фан страна ќе мора да кликнете Like на страната за да ја стартувате. Што се однесува до функционалноста таа е едноставна за користење. Прво, закачите соодветна слика, пота позиционирајте ја, одредите и ја големината и место положбата. Потоа снимете ја сликата, а апликацијата ќе ги исече деловите и ќе ви ги постира на профилот во самостоен албум. На крај, само тагирајте се во сите слики од албумот и тие ќе се појават на почетната страна на вашиот профил.
Ова е одличен потег за интерактивен маркетинг на Schweppes искористувајќи го најновиот креативен тренд на мрежата. За да ја користите апликацијата мора да кликнете Like на профилот, што значи повеќе фанови до кои ќе добре содржината, исто така креираниот албум го носи името на компанијата на сокови, а и самата апликацијата има опција за твитање и споделување на информацијата.
Втората апликација е Profile-Maker. Работи на ист принцип како Schweppes, само што вклучува и дополнителни три фотографии. Закачете слика, одредете и ја големината и кликнете да ви се креира профилот. Ги местите сликите, пример која е профил сликата и имате интересен Facebook профил. (tnx до Mартин Калчо што ни ја посочи во коментар)









dosadno e !!!!!!
више станува излитена финтава…