Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Хардвер

Corning вели дека Gorilla Glass 4 ќе ги заштити телефоните од паѓање

Заштитното стакло на Corning се наоѓа на еден куп телефони од куп производители. Поточно, Gorilla Glass го користат околу 3 милијарди телефони, и иако нуди добра заштита на екранот, сепак не може да го заштити ако ви падне телефонот. Барем не до сега. Corning ја најави четвртата генерација на Gorilla Glass за која вели дека […]

0 коментари Прочитај 21 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Љупчо Јуруковски на AllWeb 2014: Шокантното е најлесно!

Ако ги следите порталите во последните две-три години ќе видите дека најпопуларните наслови на текстови се „Шокантно!“, „Мора да го видите ова!“ и други сензационални наслови кои се само мамка за кликови. Причината за овие лоши наслови не е (само) затоа што новинарството е лошо, туку бидејќи сме навлечени на Facebook и маваме што е […]

0 коментари Прочитај 21 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

МаркО, паметниот асистент на CodeWell, е достапен за симнување на Google Play

Асистентот МаркО e креиран да ви помогне да не заборавите обврски, да не заборавите да купите млеко ако поминете покрај продавницата, или да платите сметки ако поминете покрај банката, вели CodeWell, македонското студио за апликации, коe ќе оди во Полска да ја претстави својата апликција на Demo Day на Hubraum Krakow. Aпликацијата е локациски потсетник, […]

1 коментар Прочитај 20 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Софтвер

GG.mk S01E07: Мултиплеер му е мајката

Гораст, Данко, Бобан и Наум ја посветија седмата епизода од емисијата за игри GG.mk на грандиозните и масивни игри како Grand Theft Auto, Warlords of Draneor и Dragon Age: Inquisition. Eпизодата започна со GTA 5 која Бобан ја прогласи за „најдобра игра оваа година, за која вредат парите“. Тоа што е ново во оваа поправена […]

0 коментари Прочитај 19 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

YouTube бара од НоваТВ да цензурира видео од студентските протести

<Надополнето> Андреј Т. во коментарите остави добра забелешка дека пораката од YouTube е само автоматско предупредување дека имало поплака за видеото и дека треба да се разгледа. Ако видеото остане на сервисот, тогаш ќе биде прегледано од тимот на YouTube кои најверојатно нема да најдат ништо спорно. </надополнување> НоваТВ се пожали дека YouTube, по поплака од Македонија, […]

4 коментари Прочитај 19 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Блогeрите и твитерџиите ја подигаат граѓанската свест, затоа ги наградуваме!

Заборавени поради друштвените мрежи, блоговите можеби ќе згаснеа во Македонија да не се појавеше Блогираме.мк, агрегатор на блогови кој им даде глас на сите што сакаат да подвикнат и да објават свој текст. Сега, две години подоцна од стартување на платформата, ќе се собереме по трет пат да ги прославиме најдобрите блогери и постови, според […]

0 коментари Прочитај 18 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Апликација на денот: Фантастичната Monument Valley доби продолжение

За Monument Valley може да кажам дека е една од најдобрите и најкреативни игри што некогаш сум ги играл на мобилен уред. Првото продолжение на служавалката во која малечката принцеза се обидува да се извини, потпомогнато со пријателски тотем, и сместена во свет инспириран од илузиите на М.К. Ешер, беше изненадувачки кратко. Само десет нивоа, […]

0 коментари Прочитај 13 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

ИТ настан: Номинирајте ги омилените сајтови за Сајт на годината 2014

Стартува петото натпреварување за најдобриот македонски сајт. Сајт на годината 2014 започнува со номинации на сајтовите од страна на корисниците, кои можат да одберат омилени сајтови од една голема листа од 19 категории, од најдобро дизајниран сајт до најдобар блог и дури најдобра Facebook страна. Номинирањето трае до 20-ти ноември, а победниците ќе бидат прогласени […]

2 коментари Прочитај 13 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Memorate, платформата за споделување спомени, стана подостапна за сите

Memorate на H-Sense, стартап oснован од Александар Митревски, Јасна Тренгоска и Вилијам Асиама, доби нов апдејт со кој станува поинтересен за користење на Веб. Memorate беше креирана како Windows Phone апликација за споделување на спомени и асоцијации, наречени „мемови“. Но, освен што беше ограничена на WP платформата, споделените спомени беа лични и можеа да бидат […]

0 коментари Прочитај 12 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

GG.mk S01E06: Во исчекување на Warlords of Draenor со инженер на Blizzard

GG.mk ја имаше својата шеста епизода ден пред глобалното лансирање на Warlords of Draenor, петтото продолжување на War of Warcraft. Затоа за да се прослави Draenor, дечките го поканија Анселмо Талота, поранешен инженер во Blizzard, кој зборуваше како е да се работи во компанија која досега нема утнато игра. Покрај неизбежнатa WoW, на GG.mk се […]

0 коментари Прочитај 12 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Статии

Владата сака да бидеме фит со нова апликација – Супер Фит, но јас нема да ја користам

Владата на Македонија објави своја апликација Супер Фит со која сака да ги мотивира граѓаните да водат поздрав живот. Освен лошото лого што нема никаква врска со фитнес, Супер Фит е всушност квалитетно изработена апликација. Достапна е за iOS и Android, и функционира како to-do листа или календар за физички вежби и здрава исхрана, пропратено […]

12 коментари Прочитај 10 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хак-атак/Приватност

Сајт пренесува стримови од стотици небезбедни веб камери, педесетина се во Македонија

Сајтот Insecam собра стримови од над 73.000 вебкамери кои стримаат преку јавна мрежа или кои се уште ја користат основната лозинка, главно CCTV или IP камери. Околу 50-тина од тие стримови се од камери во Македонија, поточно од продавници и магацини во Битола, Штип, Охрид, Гостивар и други места. Овие стримови на необезбедените камери не […]

4 коментари Прочитај 7 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

South Park во нова епизода покажа зошто мобилните игри се глупави

South Park во својата нова епизода направи неверојатна сатира за мобилните игри кои ги заведуваат играчите да трошат вистински пари за да купат виртуелна валута. Во епизодата „Freemium isn’t Free“ се исмејуваат игрите кои го заведуваат играчот со едноставни задачи за кои е награден со виртуелна валута. Трикот во овие игри е што играчот мора […]

0 коментари Прочитај 7 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

По Play Мusic, сега и Google Play Movies е достапен за македонските корисници

Влегувањето на Google Play сервисите за музика и филм се одлична вест за македонските корисниците кои до сега имаа ограничени пристапи до вакви стриминг сервиси. Но, ако Google Play Music е радост! што го имаме бидејќи нуди бесплатен стриминг на 20.000 песни преку било кој уред, Google Play Movies не е баш толку атрактивен сервис. […]

1 коментар Прочитај 7 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Ooshies е нова македонска апликација со слатки и откачени човечиња

Мало човече кое ве гушка за еден долар. Ова беше идејата на The Dollar App која Иван Медо Димоски ја направи пред три години со амбициозна надеж дека ќе направи милиони долари oд милион симнувања. Планот за жал не успеа, но неодамна доби пофалба од корисничка од Јужна Дакота која вели дека апликацијата секојдневно го […]

1 коментар Прочитај 7 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мора да прочиташ

Тим во Битола ja дизајнира RonRik, нова игра со проширена реалност

Седум македонски дизајнери и програмери сместени во Битола, како дел од тимот на интернационалната IntelMarketing, придонесоа со креација на нова мобилна игра со проширена реалност, која наскоро ќе биде достапна за мобилните платформи. Иако преставништвото во Битола на IntelMarketing е отворено од јуни оваа година, тимот македонски дизајнери работи на RonRik веќе есет месеци. Нивните […]

0 коментари Прочитај 6 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Паметниот асистент МаркО оди на Demo Day во Краков

MаркО, мобилниот асистент на македонското студио за мобилни апликации CodeWell, оди во Полска каде ќе треба да импресионира повторно на Demo Day на Hubraum Krakow. MаркО е победник на еднодневниот натпревар во Скопје организиран од стартап инкубаторите Hubraum и SuperFounders Skopje. Congratulations #MarkO – location-based todo list – we selected in Skopje to join us […]

0 коментари Прочитај 5 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Веб Совети

Internet Archive собра 900 стари аркадни игри кои може да ги играте на прелистувач

Кажете и збогум на продуктивноста. Internet Arhive, чија цел е да го архивира Интернетот, и веќе има соберено над 400 милијарди сајтови, е-книги, видеа и аудио материјали, ја збогати таа колекција со над 900 ретро игри. Старите видеоигри меѓу кои Out Run, Kung-fu Master, Alpine Ski, Paperboy и други, можат да се играат преку прелистувач […]

1 коментар Прочитај 5 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Microsoft се здружи со Dropbox за да префрлате фајлови директно од Office

Microsoft и Dropbox најавија соработка која на корисниците на Office ќе им донесе можност да отвараат и едитираат фајлови директно од веб складиштето. Корисниците на Dropbox пак ќе добијат можност да отворат Word и Excel документи преку неговите мобилни апликации. Тоа што е чудно во партнерството е што Microsoft има свој ривал на Dropbox. ОneDrive […]

0 коментари Прочитај 5 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Хардвер

iFixit: Nexus 9 е преполн со лепак, и тежок за поправање

iFixit го расклопи новиот таблет компјутер на Google и HTC, Nexus 9, зa да открие дека е потежок за поправање од сите преходници. Nexus 9 е преполн со лепак кој ги држи компонентите, поради што добива оценка од iFixit од 3 од 10, каде најголемата е оценка за лесно поправлив уред. По расклопувањето се откри […]

0 коментари Прочитај 5 ноември, 2014
Мени
Заедница
Изглед
To top