0 коментари 1 мин. читање 5 ноември, 2014

iFixit: Nexus 9 е преполн со лепак, и тежок за поправање

iFixit го расклопи новиот таблет компјутер на Google и HTC, Nexus 9, зa да открие дека е потежок за поправање од сите преходници. Nexus 9 е преполн со лепак кој ги држи компонентите, поради што добива оценка од iFixit од 3 од 10, каде најголемата е оценка за лесно поправлив уред.

По расклопувањето се откри дека единственото што може да се извади лесно е пластичната задна маска. Се останато, дури и малите звучници кои според iFixit изгледаат како слушалки за уво, е залепено со претерано количество лепак, наместо со пластични споилки или штрафови. Најлошо е што LCD дисплејот е залепен со заштитното стакло, што ќе биде проблем да се замени ако се оштети. Тешкото остранување на деловите ги прави Nexus 9 тежок за поправање. Но, според iFixit, Nexus 9 е полесен за поправање од конкурентот iPad Air 2.

[youtube]ovpkbXBKjlE[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}