0 коментари 1 мин. читање

GG.mk S01E07: Мултиплеер му е мајката

Гораст, Данко, Бобан и Наум ја посветија седмата епизода од емисијата за игри GG.mk на грандиозните и масивни игри како Grand Theft Auto, Warlords of Draneor и Dragon Age: Inquisition. Eпизодата започна со GTA 5 која Бобан ја прогласи за „најдобра игра оваа година, за која вредат парите“. Тоа што е ново во оваа поправена верзија е што мултиплеерот е далеку подобар, и е додадена опција за играње во прво лице, но засега верзијата е достапна само за конзолите.

GTA секако е една од игрите кои ги поставуваат нормите за како се дизајнира отворен свет, но истото може да се каже и за Warlords of Draenor и Dragon Age: Inquisition, со тоа што првата е далеку подобра и попопуларна. Веќе неколку епизоди GG.mk, кои се страствени World of Warcraft играчи, зборуваат за најновото продолжение кое ипресионира и го враќа квалитетот на WoW назад во времето на Lich King. Dragon Age беше пофалена заради својот интересен гејмплеј, но беше и отфрлена како „спора, бидејќи сме хендикепирани од WoW“.

Рецензиите на отворените светови и многу, многу други дискусии може да ги погледнете на снимката од емисијата која оди во живо секој вторник, со почеток во 22:00 часот.

[youtube]EhRMxgZDBu8[/youtube]

Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби, и се почестo одличен е-спорт.
Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top