Заштитното стакло на Corning се наоѓа на еден куп телефони од куп производители. Поточно, Gorilla Glass го користат околу 3 милијарди телефони, и иако нуди добра заштита на екранот, сепак не може да го заштити ако ви падне телефонот. Барем не до сега. Corning ја најави четвртата генерација на Gorilla Glass за која вели дека екранот ќе биде заштитен и од „смртоносни падови“. Компанијата вели дека фрлиле стотина уреди на различни површини, и според резултатите, односно штетата, ги дизајнирале најновите заштитни стакла. Засега, јас сум скептик дека Gorilla Glass 4 ќе може да го заштити телефони од паѓање, но за да се увериме ни оставува единствено да ги испуштиме телефоните на земја.
[youtube]0VP450E0Yvc[/youtube]







