1 коментар 2 мин. читање 5 ноември, 2014

Internet Archive собра 900 стари аркадни игри кои може да ги играте на прелистувач

Кажете и збогум на продуктивноста. Internet Arhive, чија цел е да го архивира Интернетот, и веќе има соберено над 400 милијарди сајтови, е-книги, видеа и аудио материјали, ја збогати таа колекција со над 900 ретро игри. Старите видеоигри меѓу кои Out Run, Kung-fu Master, Alpine Ski, Paperboy и други, можат да се играат преку прелистувач со JSMESS емулаторот.

Игрите датират од 1970-тите до 1990-тите години, и некои се најстарите игри со само бела позадина и аудио, додека други, како Street Fighter 2, се релативно модерни и најважно од се забавни за играње. Популарноста на овие игри ја покажа и бројката дека секоја минута над 1.000 луѓе започнуваат игра на Internet Arcade, и веќе некои игри се симнати над половина милион пати. Оваа забавна колекција игри е дел од Console Living Room проектот на Internet Archive преку кој, со соработка од креаторите на конзоли, се собираат игри стари над 30 години.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Александар
Александар
11 years ago

Првата реченица. Толку.

Мени
Заедница
Изглед
To top