Седум македонски дизајнери и програмери сместени во Битола, како дел од тимот на интернационалната IntelMarketing, придонесоа со креација на нова мобилна игра со проширена реалност, која наскоро ќе биде достапна за мобилните платформи. Иако преставништвото во Битола на IntelMarketing е отворено од јуни оваа година, тимот македонски дизајнери работи на RonRik веќе есет месеци. Нивните задачи се да подготват концептуална уметност, да ги дизајнираат UX и UI елементите на играта, да креираат приказни и го креираа главниот протагонист.
Од промотивните видеа што можат да се видат RonRik изгледа одлично. Играта е создадена од Geo Reality Games од Лондон, врз Unity3D платформата, и со помош на интернационални тимови од Данска, Украина, каде што е креиран техничкиот дел од играта, и IntelMarketing со преставиштва во Шпанија, Украина, Индија и од неодамна Македонија.
[youtube]cnUK3vSJrrM[/youtube]
На страна од добриот тизер, RonRik ќе мора да биде направена беспрекорно ако сака да биде прва глобална игра со проширена реалност. Засега тимот на дизајнери на IntelMarketing, кои иако се во Битола, успеаја да придонесат со одличен дизајн кон продукт кој ќе биде пласиран на глобалните пазари. Според IntelMarketing, во Македонија иако е назад со иновациите, сепак има потенцијал. Можеби затоа и планираат да отворат нова канцеларија во Скопје, бидејќи, како што велат, веруваат дека има талентирани луѓе.
„Иако Македонија е назад во поглед на новите IT технологии, ние од IntelMarketing веруваме дека во Македонија има млади и талентирани луѓе со кои би можеле да работиме, а понатаму и да им обезбедиме нивен личен напредок преку најразлични курсеви и програми за изучување на најновите технологии кои IntelMarketing како интернационална фирма постојано ги следи“, Соња Ангелевска.







