YouTube бара од НоваТВ да цензурира видео од студентските протести

во ИТ.МК

<Надополнето> Андреј Т. во коментарите остави добра забелешка дека пораката од YouTube е само автоматско предупредување дека имало поплака за видеото и дека треба да се разгледа. Ако видеото остане на сервисот, тогаш ќе биде прегледано од тимот на YouTube кои најверојатно нема да најдат ништо спорно. </надополнување>

НоваТВ се пожали дека YouTube, по поплака од Македонија, сака да им цензурира видео од студентските протестви во кое се гледа апсење на студент, но не и нешто спорно и контроверзно. Видеото ги прикажува студентските протести против екстерното тестирање во високото образование.

Во мејлот кој им го пратил YouTube како објаснување, од 12:45 минута до 16:14 минута се прикажуваат снимки кои ја нарушуваат приватноста. YouTube вели дека имале поплака за видеото, но не откри од кого е поплаката, дека тој дел од видеото е против правилата на видео сервисот, без конкретни детали зошто оваа видео е спорно. Од тоа што може да се види во видеото нема ништо спорно околу приватност, бидејќи прикажува јавни протести на студентите, и видеото е новинарски извештај. Затоа НоваТВ се изјасни дека нема да го тргне видеото од YouTube бидејќи е од „јавен интерес“ и доколку биде тргнато од сервисот, НоваТВ ќе го хостира на своите сервери.

Спорното видео е подолу:
[youtube]Ll4RERLNf2o[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Андреј Т.
11 years ago

Тоа што го објавиле НоваТВ, колку што знам, е автоматски notice што стига секој пат кога некој ќе ти го пријави видеото. Youtube во текстот вика: „if the potential privacy violation remains on the site after 48 hours, the compaint will be reviewed by the YouTube team…“

Toni
Toni
11 years ago

Немаат они дозвола да ни ги објавуваат лицата на сите студенти!

Горан
Горан
11 years ago
Reply to  Toni

Па ако не сакаш да ти го видат лицето, не требало да одиш на протест.