0 коментари 2 мин. читање

Љупчо Јуруковски на AllWeb 2014: Шокантното е најлесно!

Ако ги следите порталите во последните две-три години ќе видите дека најпопуларните наслови на текстови се „Шокантно!“, „Мора да го видите ова!“ и други сензационални наслови кои се само мамка за кликови. Причината за овие лоши наслови не е (само) затоа што новинарството е лошо, туку бидејќи сме навлечени на Facebook и маваме што е можно поголема публика, вели Љупчо Јуруковски од Off.net.mk.

Но, успехот кој го има Off.net.mk не е заради евтините наслови. Љупчо имаше одлична деби-презентација на AllWeb 2014, конференцијата за онлајн маркетинг што се одржа неодамна, во која побара од медиумите да си го задржат достоинството. Наместо да влегуваат во шемата на Facebook, да се обидуваат да стигнат до што е можно поголем пазар, можеби треба да си креираат своја лојална публика која ќе ги чита. Да, „шокантните“ наслови ќе донесат луѓе на вашиот сајт, но тие луѓе ќе дојдат само за таа вест и ќе си заминат брзо, без да го разгледаат вашиот сајт и труд. Наспроти нив стои лојалната публика која ве разбира, која знае што може да очекува од вас, и на која не и требаат глупави наслови за да ви верува. Таа публика која треба да ја изгради секој медиум е публиката за која треба да се креира квалитетна и локална содржина.

[youtube]zZ6zGelQlP8[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top