За Monument Valley може да кажам дека е една од најдобрите и најкреативни игри што некогаш сум ги играл на мобилен уред. Првото продолжение на служавалката во која малечката принцеза се обидува да се извини, потпомогнато со пријателски тотем, и сместена во свет инспириран од илузиите на М.К. Ешер, беше изненадувачки кратко. Само десет нивоа, кои ќе ги пројдете во еден здив, но кои ќе ве остават воодушевени.
Секако кога има вакви фантастични игри, нормално е да сакаме да видиме повеќе, и добивме. Студиото Ustwo го објави второто продолжување Forgoten Shores за iOS, што е всушност додаток за кој се плаќа 2 долари, покрај 4-те долари што ќе ги дадете за играта. Но, Monument Valley едноставно вреди за парите. Со Forgoten Shores со додаваат осум нови нивоа кои повторно се направени да бидат уметничко дело, а не само игра.
[youtube]Me4ymG_vnOE[/youtube]